• Latest

Преглед на настани: Се тестира Националната платформа за онлајн настава, ЦИВИЛ со „Зелен караван“ утре во Гевгелија, в среда настан за дискриминацијата и вработувањето

September 28, 2020

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Се тестира Националната платформа за онлајн настава, ЦИВИЛ со „Зелен караван“ утре во Гевгелија, в среда настан за дискриминацијата и вработувањето

September 28, 2020 16:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: МОН: Платформата се тестира за целосна функционалност

За целосна функционалност на националната платформа за онлајн-учење се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови, соопшти Министерството за образование и наука откако падна системот и платформата www.schools.mk не е достапна.

„Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата“, информира МОН кое викендов соопшти дека платформата е достапна за користење од учениците и родителите. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Реџепи, професор во средно училиште: Онлајн наставната програма е лесна за користење

На прашањето за тоа дали и колку онлајн наставата може да го замени физичкото присуство на часовите во училиштата и како ќе влијае на учениците, професорот Реџепи вели дека во време на пандемија и  неизвесноста околу здравствената ситуација во земјава, онлајн наставата е нужно зло и дека не смее да се дозволи губење на неколку месеци, а во полош случај и година само поради овој факт.

„Учениците веќе имаат искуство со онлајн настава во последното тромесечие мината учебна година. Можеби недоволната организираност и неунифицираност тогаш доведе до скептичност. Меѓутоа овој пат се работи за целосно унифицирана платформа. Која ги задоволува сите аспекти на образовниот процес и лично мислам дека учениците многу брзо ќе привикнат на неа и дека платформата ќе ги даде очекуваните резултати“, додава тој.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ организира јавен настан за дискриминацијата и вработувањето

Дискриминацијата при вработувањето е честа тема во медиумите и во јавната комуникација. Недоволното разбирање и честата политизација на темата околу вработувањето ја налага потребата од поширока јавна дискусија со аргументи од повеќе аспекти на сите засегнати страни.

Затоа, ЦИВИЛ организира јавен настан, панел дискусија на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ в среда, 30 септември, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

Гевгелија на мапата на Зелениот караван на ЦИВИЛ: Работилница, инфо-штандови, анкети за зелените вредности, социјална правда и антинационализам

ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван во вторник, 29 септември, со почеток во 11 часот ќе одржи работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура).

На работилницата ќе учествуваат претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Владата до Собранието го испрати новиот предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, кој што има за цел подобрување на законската регулатива и нејзино усогласување со правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска оцени дека за оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска предупреди дека санцкиите за луѓето кои треба да бидат во изолација заради контакт со лице позитивно на Ковид-19 или самото лице е позитивно на Ковид-19, а не го прават тоа, подлежат на кривични санкции и парични казни, кои се над 2000 евра.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од Европскиот парламент ја започна интензивната агенда во Брисел, на средби со влијателни европратеници, претставници на различни политички групи.

Во Министерството за труд и социјална политика деноноќно се следи здравствената состојба како на дечињата, така и на вработените во градинките, истакна министерката Јагода Шахпаска.

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено од Обвинителството.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Кога власта (Заев) ќе презентира нов пакет кризни мерки тежок скоро половина милијарда евра со намера за продолжена помош на ковид-економијата во државата, а опозицијата (Мицкоски) ПЕТ минути потоа излегува со оценка на мерките дека со нив „мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“ и дека „новиот пакет мерки нема да донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата“ – тогаш ви станува јасно зошто опозицијата уредно си ги губи демократските и фер избори неколку години наназад и зошто тој тренд ќе си продолжи така и во годините што доаѓаат“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Изгубени во македонската прашума“.

Поенти на Џевдет Хајредини – „Субвенции за гласови?“:  „Со најновата најавена намера на Владата, како што нагласува нејзиниот прв заменик, од буџетот на државата, што го полнат сите граѓани, приватните компании да добиваат субвенции за вработување на Албанци, се очекува на наредните избори значително да се зголеми и бројот на гласачите на партијата на власт, исто како што се случи со првиот премиер албанец што ќе биде во последните сто дена од мандатот“.

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    159 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ