• Latest

Преглед на настани: ЦИВИЛ ја одржа конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“, Советот за безбедност предложи прогласување на кризна состојба…

November 19, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: ЦИВИЛ ја одржа конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“, Советот за безбедност предложи прогласување на кризна состојба…

November 19, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Наjважните прашања на денешницата се теми на денешната конференцијата на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам

ЦИВИЛ денеска ја одржа конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ за зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

Конференцијата ја организираше ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, денеска, 19 ноември, во хотел Парк Резиденс.

Конференцијата ги опфати темите во областите на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, со посебен осврт на меѓусебната поврзаност и неделивост на овие области. Конференцијата е завршен настан на проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува со долгогодишните партнери на ЦИВИЛ, Фондацијата Хајнрих Бел.

илустрација: Зоран Кардула

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Марион Краске: Зелена транзиција како единствен одговор

„Што правиме на дневна основа? Ние произведуваме и користиме непотребно голема количина бензин, нафта, јаглен и природен гас што го гориме секој ден за да ги затоплиме нашите домови, да ги напојуваме нашите возила, да произведуваме стоки и да обезбедуваме електрична енергија. Ако ја користите апликацијата AIR Visual – можете да видите каде сме со овие активности… тоа е апликација за смог ширум светот. Сараево / Скопје се всушност во топ 10 на најзагадените метрополи ширум светот. Овој фосилен пристап не успеа бидејќи ние го уништуваме сопствениот простор за живеење. Всушност … Ние ги загрозуваме нашите животи – и оние на нашите деца“, истакна Марион Краске. Според неа одговорот на сето отва е зелена транзиција. „Но, зелената транзиција значи многу повеќе од само техничка промена од јаглен или нафта кон ветер или сонце. До обновливи извори на енергија. Тоа значи вистинска, сеопфатна промена во општото размислување. Зелено не значи ништо повеќе и ништо помалку од одржливо грижливо. Тоа значи: Грижа за нашите деца, грижа за следните генерации. Грижа за планетата“, изјави  Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам во организација на ЦИВИЛ.

Тоа што нам ни треба е одржлив пристап во сите сегменти за да најдеме конкретни решенија за глобалниот предизвик што климатските промени го претставуваат: Креативен јавен превоз и паметни градови решенија · Промовирање на чиста, зелена енергија како замена за јаглен и нуклеарни централи (крајната цел е јасна – намалување на јаглерод) · Здрава храна, здрави животни · Економските цели се: Да се зголеми еколошка енергија · Со тоа: Креирање на нови зелени работни позиции · Борба со смогот – тесно поврзана со климатските промени.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

На конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ говореа Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија. На листата на говорници се: Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и претставници на други владини ресори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата. На конференцијата ќе говорат и четворица претставници на ЦИВИЛ – Петрит Сарачини, Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.

Алаѓозовски: Формалните и неформалните центри на моќ кој предизвикуваат недоверба и поделеност помеѓу граѓаните треба да се дестимулираат

Рахман: Справувањето со национализмот бара меѓуинституционална соработка

Хоџиќ: Постои доза на оптимизам дека работите одат кон подобро во државата во однос на национализмот и говорот на омраза

Сарачини: Културата на неказнивост мора да престане, за ние како општество да функционираме подобро

Димитриевски: Во Куманово ги бришеме графитите со говор на омраза

Орданоски: Екомонитор ќе детектира од каде доаѓа загадувањето за да може властите да реагираат

Елезовски: Повеќе да информираме и алармираме за заштита на животната средина

Јордановска: Нашето општество треба да работи на едукација и промоција на зелените вредности

Муратов: Општините (да) го слушаат гласот на граѓаните

ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена поради состојбата со коронавирусот во земјата, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски. Кризната состојба е законски регулирана и, меѓу другото, опфаќа вклучување на Армијата како поддршка на полицијата, како и на приватните здравствени установи во справувањето со Ковид-19.

Прогласувањето на кризна состојба на територија на целата држава би можело да се случи најдоцна утре вечер, а можеби и порано, најави денеска премиерот Зоран Заев откако Советот за безбедност и предложи на Владата тоа да го направи.

Периодот е навистина критичен. Очекуваме период во кој бројот на новодијагностирани со Ковид-19 ќе биде линеарен. Значи не очекува критичен период во кој ќе има потреба од болнички капацитети, истакна министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.

А. П.

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ