ВЕСТ НА ДЕНОТ: Панел дискусија на ЦИВИЛ со петте кандидати за градоначалник на Штип
Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, денеска продолжи во Штип, со панел дискусија со петте кандидати за градоначалник на Штип за предвремените локални избори закажани на 13 декември.
Панелот започна во 12 часот во хотел Оаза, а панелистите или кандати за градоначалници кои учествуваа во дискусијата беа Симон Поликрап Интегра, Гоце Ангелов, Коалиција „Иднината во наши раце“, Сашко Николов, СДСМ, Трајче Митев, независен кандидат, Лазар Наомов, ТМРО. Панел дискусијата ја модерираше Џабир Дерала.
Панел дискусијата може да ја погледне тука.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шахпаска: Отворањето на РЕХА Центарот во Струмица е пример за вистинска инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот и општеството
„Кога говориме дека сакаме да изградиме едно општество за сите, тоа значи дека градиме општество кое што создава услови и можности за сите граѓани, да се вклучат во личниот и општествениот развој на еднакви основи. Лицата со попреченост претставуваат дел од нашите семејства, дел од нашето општество“, истакна Шахпаска.
Таа посочи дека носењето на социјалната реформа од страна на Министерството за труд и социјална политика и преку мерките предвидени со оваа реформа, се овозможува вистинска инклузија на лицата со попреченост во нашето општество.
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица.
Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се сретна и поразговара со претставници на Националниот совет на инвалидиски организации на Македонија.
„Политико“ ги критикува еврокомесарот Вархеи и Европската народна партија дека се „меки“ кон Борисов и Софија.
ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со блокада на Владата и министерствата за надворешни работи и за правда, од 17 до 18 часот.
За сите граѓани кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Во периодот од 23 до 29 ноември годинава седумте инспекциски служби извршиле 4.080 контроли. Во овој период, Државниот пазарен инспекторат изврши 2.635 контроли и 462 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа на угостителските објекти.
Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот.
А. П.