ВЕСТ НА ДЕНОТ: На локалните избори во Штип право на глас имаат 41.777, а во Пласница 4.954 гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за изборите за градоначалник што на 13 декември треба да се одржат во Штип и во Пласница. Во Штип право на глас имаат 41.777 гласачи, додека во Пласница 4.954 гласачи.
– По промените кои се направени ДИК го заклучува Избирачкиот список со следбава состојба: За градоначалник на општина Штип вкупен број на запишани избирачи во Избирачкиот список има 41.777, од нив во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип се запишани 39.605 гласача, во посебниот избирачки список што се однесува на лиџа кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор се запишани 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.
Во Пласница право на глас имаат 4.954 гласачи, од нив во странств се запипани 372 и еден гласач е во затвор или притвор.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Свети Николе со дел од средствата за новогодишно украсување ќе купат таблети за учениците
ЕКОЗВОН преку проекти и иницијативи во средни училишта за заштита на животната средина
Активисти на УМС Гази Баба го запалија бугарското знаме, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека е лажна вест
МВР трага по тие што го запалија бугарското знаме
ФЛЕШ ВЕСТИ
„За боледување поради КОВИД-19 вработените и во јавниот и во приватниот сектор ќе добиваат 70 проценти од платата за отсуство до седум дена, 80 проценти за отсуство до 15 дена и 90 проценти кога се на боледување над 15 дена. Во првите 30 дена исплатата на боледувањето е на товар на работодавецот, а потоа на Фондот за здравствено осигурување“, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Преку споделување на знаење и научени лекции од светски експерти, Фондот за иновации и технолошки развој започнува со имплементирање на долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор.
Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.
„Да ги засилите транс-гласовите, да се осврнеме на постојаните пречки кои го прекинуваат нашето секојдневие, но и на потребата од разбирање, поддршка и љубов од другите околу нас“, порача денеска Иницијативата за заштита и унапредување на правата на тронсродовите лица во Северна Македонија ТРАНСФОРМА, по повод 20 Ноември – Меѓународен ден на сеќавање на трансродовите жртви на насилство и убиените транс-лица.
Поголем број на инспектори на ниво на општини, на Град Скопје и во Инспекторатот за животната средина, нивна соработка со невладиниот сектор и медиумите и зголемена транспарентност, вклученост на граѓаните во пријавување на одредени загадувачи, и зголемени казни за загадувачите се најважните компоненти кои се потребни за решавање на проблемот со загадувањето на животната средина.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Откако во последните две недели, заради шокот што со блокирање на македонската интеграција го предизвика во ЕУ, бугарската официјална политика доживеа тотална изолација и критика буквално од сите оние политички, општествени и медиумски инстанции во Европа кои за оваа тема имаа нешто да изјават. Бројни експертски и интелектуални гласови и во самата Бугарија излегоа со негативни оценки за начинот и причините заради кои Бугарската влада се одлучи за ветирање на отворањето на преговорите на ЕУ со Македонија“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Верувале или не: Има голем напредок во преговорите со Бугарија!“.
А. П.