• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Преглед на настани: Владата го усвои ребалансот на буџетот за реализација на четвртиот пакет мерки, Законот за спречување и заштита од дискриминација влезе во собраниска процедура…

October 5, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Владата го усвои ребалансот на буџетот за реализација на четвртиот пакет мерки, Законот за спречување и заштита од дискриминација влезе во собраниска процедура…

October 5, 2020 16:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата го усвои ребалансот на буџетот за реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и економијата

Владата вчера на седница го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година. Ова е втор ребаланс што се прави годинава, а произлегува од потребата за имплеметација на  четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните,  економијата и макроекономската стабилност.

-Со овој ребаланс се овозможува спроведувањето на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да помогне одредени погодени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за да – кога кризата ќе заврши – продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција на која го презентираше прифатениот ребаланс на буџетот.

Тој додаде дека согласно ревидираните проекции на Министерството за финансии, врз основа на кои е правен и вториот ребаланс на буџетот, враќањето на патеката на економски раст се очекува да биде побавно во однос на претходните проекции.

-Очекувањата се дека економијата ќе забележи пад од 4,4 отсто во 2020 година. Мора да се напомене дека падот ќе беше повисок, имајќи го предвид четвртиот сет на мерки. Ревидирана е и стапката на инфлација која се очекува да изнесува 1 отсто, рече Бесими.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Коцевски: Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците

Зелен ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, за зелените перспективи на општината, промоцијата, негувањето и разбирањето на зелените вредности и нивната врска со социјалната правда и антинационализмот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува дека европските вредности му се поблиски од национализмот. Тој зборува и за тоа како Општината се справува со ковид-кризата, и кои се неговите очекувања за следните локални избори.

ФЛЕШ ВЕСТИ
Собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање го разгледа и даде поддршка за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој треба да се обезбеди принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи, а во Собранието влезе со европско знаменце.
Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство.
Здружението на новинари на Македонија бара да се санкционираат нападите врз новинарите и медиумските работници и сторителите да се изведат пред лицето на правдата. Најавен е протестен марш

Рокот за регистрација на Радиодифузерите, печатените и електронските медиуми (интернет портали), во базата на Државната изборна комисија, за платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за предвремените избори за градоначалник на општина Штип и општина Пласница, завршува денеска (5 октомври) на полноќ.

Државниот студентски дом „Скопје“ објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“. Тие отвораат денеска согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да примаат со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.

Бугарски интелектуалци: Меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.

Education International – EI, Меѓународен сојуз на синдикатите во областа на образованието со седиште во Брисел, оваа година ќе го одбележи денот под мотото: „Taking the lead“ со 24 часа онлајн програма во живо со учество на учители, наставници и синдикални претставници од целиот свет.

СЛОБОДНА ЗОНА
Сашо Орданоски во колумната „Епидемиолошки „Руски рулет“ пишува: „Ете што била работата: дечкото, кој е сопственик на скопскиот бар „Мош“, викендов се женел, за докторка од Штип. „Викенд за паметење!“, вели еден од порталите кои ја објавија веста. Особено ќе го паметат оние кои, бездруго, се заразиле на веселбата во барот. Нека им е со среќа на младите и на оние кои ќе легнат болни, па кој преживее ќе ги прераскажува впечатоците од веселбата. Можеби ќе ги лекува прекрасната невеста, младата докторка, бидејќи покажува, со личен пример, висока свест за професијата. „Мош“, пригодно, би можел да се преименува во „Мошти“.

„Деновиве со внимание следам што сé се случува во политичкиот дискурс во Македонија, каде преку ефтин популистички наратив, одредени „фактори“ се обидуваат на мала врата да се самопромовираат како заштитници на работничката класа. Видете да се разбереме, во изминативе 30 години до тој степен беше девастирана работничката класа, да најмалку уште толку време ќе биде потребно да ѝ се вратат главните обележја како на класа која е посебна, класа сама за себе. Овде не говорам за класа по урнекот на онаа од зачетокот на индустриската револуција, ниту пак во оние историски околности во кои таа можеше да ја манифестираа својата моќ. Овде говорам, пред сé, за моменталните историски околности, каде работничката класа е исклучена од општествените токови преку нејзина потполна пасивизација на полето на општествената одговорност и политичката активност“, пишува Гордан Стошевиќ во анализата „Архитиповите како проблем во дејствувањето на работничката класа (1 дел)“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ