• Latest
Извор: МВР

Преглед на настани: ВМРО-ДПМНЕ побараа, па избегаа од интерпелацијата на Спасовски, до крај на месецот ќе стигнат 200.000 кинески вакцини, Велигден и Рамазан без полициски час

April 26, 2021
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ВМРО-ДПМНЕ побараа, па избегаа од интерпелацијата на Спасовски, до крај на месецот ќе стигнат 200.000 кинески вакцини, Велигден и Рамазан без полициски час

April 26, 2021 17:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Извор: МВР

Извор: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ВМРО-ДПМНЕ побараа, па избегаа од дебатата за интерпелацијата на Спасовски што ја побараа самите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на која се расправа за интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пратениците од опозициската партија не можеа да се обратат бидејќи не беа ставени на листата на говорници, поради тоа што, како што беше објаснето од претседателот на Собранието Талат Џафери, тие својата листа ја доставиле до него со неколку часа задоцнување, а денеска нивен претставник не присуствувал на координација за да се договорат.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека листата била доставена со задоцнување бидејќи тие доставувале кривична пријава за Џафери за 36. седница, на која присуствуваа пратеници со скафандери заразени со Ковид-19. Обвини дека досега не се случило интерпелација за министер од власта да помине без пратеници од опозицијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Филипче: Стигнаа вакцини „Спутник V“, денеска ќе стигнат 10.000 од „Фајзер“, а на крај на месецов 200.000 кинески вакцини

„Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши ревакцинација по три недели од вакцинацијата со вакцината „Спутник В“. Тоа се тие 20.000 дози. Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20.000 вакцини „Спутник“ од кои 7000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура… Треба да стигне и одредена количина преку системот на солидарност од ЕУ преку Австрија. Сето тоа влегува во нашиот распоред како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата, освен во Скопје, каде има фрижидери за вакцината на „Фајзер“ и тие се распределуваат и кон околните центри на тој начин што здравствените домови согласно бројот на закажани граѓани секое утро подигнуваат одредена количина од вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарци и така се прави распоредот и регионално“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД-19 Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници. Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината.

ЗДРАВЈЕ Под мотото „Вакцините нè доближуваат” денеска почнува одбележувањето на Европската недела на имунизација.

ПРАЗНИЦИ За претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, сабота кон недела и 12 кон 13 мај, нема да има полициски час и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца.

ВАКЦИНАЦИЈА Стигнаа вакцини „Спутник V“, денеска ќе стигнат 10.000 од „Фајзер“, а на крај на месецов 200.000 кинески вакцини. Лицата со ретки болести ќе се вакцинираат од следната голема количина на вакцини.

ОПШТЕСТВО Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

АРМИЈА Шекеринска очекува широка поддршка за Законот за отпремнина за професионалните војници.

ТЕХНОЛОГИИ Со дигитализацијата на судството постапките ќе бидат побрзи и поевтини, а одложувањата значително намалени

ОБРАЗОВАНИЕ Дигиталниот учебник нема да биде единствена опција за учениците, ќе се применува комбиниран модел

ПОЛИТИКА Доколку не се донесе седми пакет мерки, околу 10.000 лица од текстилниот сектор ќе останат на улица.

СРЕДБА Пред утрешната седница на Влада, премиерот Зоран Заев ќе се сретне со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат

ЗЕЛЕНИ  Здружението Еко-Герила од Тетово упати писмо до претседателот Стево Пендаровски алармирајќи на честите прекини со водоснабдувањето во градот, кој трае два месеци а нема решение од локалната власт.

ПРАВДА Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

МВР соопштува дека се приведени две лица поради напад на полициски службеници на вчерашниот протест.

ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ за оддавање на класифицирани информации

ЕКОНОМИЈА Министерство за финансии и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација.

Денарот претставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод 29-годишнината од монетарното осамостојување.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска продолжи со видео продукција на пораки од познати личности, како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“. Тимот на ЦИВИЛ денеска беше на сет со Атиџе Муратова, во пријатна и продуктивна атмосфера во центарот на Скопје.

Атмосфера од снимањето на Атиџе Муратова како дел од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“/ Фотографија: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

СЛОБОДНА ЗОНА

„Тоа е истата агресивна, нетолерантна, ревизионистичка, анахрона, опасна, недемократска политичка реторика и отровна партиска енергија што беше главното погонско „гориво“ во обидот за насилно, токму терористичко, рушење на легалната и легитимно избрана влада во 2017 година. Тие не мрднале ни една јота, ниту со паметот ниту со идеологијата, од времето на губењето на власта во врска со тоа каде сакаат да биде државата денес: меѓународно изолирана, демократски згазена, заробена во своето минато, со многу национализам и уплашено граѓанство, со правен систем диригиран од Белата палата и од поапсената или разбегана врхушка на власт“, пишува Сашо Орданоски во колумната Фала на прашање, за тоа се боревме!

„Присуство на Русија во западен Балкан е неминовно и не постои сценарио според кое Русија би се повлекла од овој регион.

Русија ќе ги искористи сите хибридни начини што посилно да влијае во земјите на Западен Балкан, да го засили своето присуство и ако успее, да инсталира свои испостави во виталните области. Северна Македонија, по зачленувањето во НАТО, е под посебна опсервација на руските разузнавачки служби, бидејќи руската дипломатија, уште пред да се завиори македонското знаме пред седиштето на НАТО, изјави дека доколку тоа се случи, Москва ќе го смета како непријателски чин…

Москва настојува одвнатре да ги ослаби и разбие ЕУ и НАТО и со сите дипломатски и други средства работи на зајакнување на линијата во која кохезиониот фактор за остварување на оваа цел се и допрва ќе бидат конзервативно популистичките кругови во земјите на Западен Балкан и Европска Унија“, пишува Александар Николиќ Писарев во Руската „хибридна“ сенка врз Западен Балкан (1)

„Уште малку, па цела една година власта, актуелната владејачка коалиција, не успева барем во некакви, минимум раат, околности да ги  спроведува своите проевропски програмски агенди. При вакви блокади, парламентот проработува само парцијално и тоа сè некако на сила. Или само под притисок на јавноста или само под добронамерна, па сепак присила, на влијателните странските дипломати. Актуелната собраниска работна ефектива се сведува на лотариска премија. Во такви околности, било какви  ЕУ реформи практично се невозможна мисија. Македонскиот парламент во овој состав е практично неупотреблив“, вели Зоран Иванов во Чекор назад – два во место

„Сите одиграа, што се вели, на прва. Додека сме на полувреме, пред почетокот на второто полувреме, имам неколку пораки до актерите, Владата и Стојко Пауновски… Премиерот и владата исто така се исправени пред тешка дилема, иако се свесни за проблемите со кои се среќаваат инспекторите на терен во спроведување на законите, превработеноста во администрацијата, партизираноста и квалитетот на услугите на администрацијата. Наталожени се многу проблеми кои сепак ќе мора што поскоро да почнат суштински да се решаваат. Но во едно премиерот е во право, одлуките на владата мора да се спроведуваат од надлежните органи“, пишува Перо Наумовски во Пред почеток на второто полувреме.

Тимот на ЦИВИЛ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ