• Latest

Преглед на настани: Заев побара гласање и ја доби довербата од парламентот, ЦИВИЛ најави дебата во Штип „Попис, статистика, а не политика“…

March 3, 2021

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Украина подготвува нов мировен план – Зеленски повторно ја исклучува можноста за територијални отстапки

December 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Молкот на граѓаните ја легитимира корупцијата

December 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Заев побара гласање и ја доби довербата од парламентот, ЦИВИЛ најави дебата во Штип „Попис, статистика, а не политика“…

March 3, 2021 17:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: За доверба на Владата гласаа 62 пратеници

Премиерот Зоран Заев попладнево побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата. Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, односно член 217, да се гласа без расправа. Премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.

По едночасовна пауза, пратеничките и пратениците гласаа за доверба на Владата. Заев ја доби довербата на Владата од сите присутни пратеници, со 62 гласа „за“ без против и воздржани. Пред гласањето, Заев изјави дека целта за барањето доверба беше да се стави крај на сите пропаганди на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се види дека никој нема против за самостојно дејствување на помалите партии.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Ова е моментот да провериме, стабилна власт или разнишана опозиција?

„Со оваа моја постапка денеска, еве ме, застанувам пред вас, и во име на целата влада, во име на сите министри и коалициони партнери ја преземам одговорноста и ве повикувам да се изјасните и да гласате за доверба на Владата. Ајде да се соочиме и да расчистиме: Да го видиме на дело тоа толку најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја паднело оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата. Ова е моментот да видиме за што станува збор: стабилна власт или разнишана опозиција? Мора да е едно од двете, ако не и двете заедно“, изјави премиерот Зоран Заев од собраниска говорница, одговарајќи на пратенички прашања.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

Апостол Симовски, ДЗС:  Во сите пописи досега од ’48 наваму имало код за бугарска етничка припадност

Најновиот извештај на Фридом Хаус констатира напредок со позитивни оценки за реформите. Во извештајот „Слободата во светот“, годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за поништување на Законот за попис

Усвоен предлог-закон од Владата за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк

Државниот завод за статистика објави дополнителен јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот 1 до 21 април во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори.

Владата на синоќешната седница ја усвои Концепцијата за основно образование за чија подготовка како што велат биле вклучени сите засегнати страни, меѓу кои експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, Претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, Кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, Директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, се седумте учеснички и учесници на панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип, утре, 4 март, со почеток во 16 часот. Настанот го организира ЦИВИЛ, а модератор ќе биде Џабир Дерала.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во извештајот „Слободата во светот“ на Фридом хаус, во 2016-17 година имавме 57-58 индексни поени. Оваа година, скорот на Северна Македонија стигна до 66 индексни поени. “Неодамна реизбраната владата на премиерот Зоран Заев направи пресврт по годините на демократско назадување, но на земјата продолжува да и се негира шансата да се приклучи во ЕУ“, се вели во извештајот… Сепак, многу е битно дека и угледни меѓународни организации констатираат дека, после цела деценија паѓање, нашата демократија веќе 3-4 години напредува и станува сè послободна. За тоа треба да се честита, на луѓето во институциите, во правосудството, медиумите, во граѓанскиот сектор, во академијата, и на сите чинители во јавноста и секако на граѓаните – кои придонесуваат за тој напредок“, вели Петрит Сарачини во „За Фридом хаус 3 години по ред имаме напредок после долги години пад, кому да се честита, а кому да се изрази сочувство?“

„Не би можел да погодам колку Бугари живеат во Македонија, бидејќи тоа, за мојата повоена генерација, никогаш не била никаква значајна тема во македонската општествена и политичка реалност. Но, колку и да се – бугарските политичари им прават ужасно лоша услуга. Вакво политичко злоупотребување на некоја група на граѓани во соседна земја за најординарни предизборни валкани цели, како ова во трката за власт во Бугарија, никому нема ништо добро да му донесе, а најмалку на нашите сограѓани, овдешните Бугари. Бидејќи, овој низ од провокации на кои сме изложени со месеци наназад од Софија на оваа тема, на крајот, ќе создаде вистински одиум и реални непријатности за оние кои имаат бугарски чувства во земјава“, пишува Сашо Орданоски во „Се моли Софија да не им отежнува на овдешните Бугари“

Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ