• Latest

Преку ИПАРД 3 нови 97 милиони евра за модернизација и развој на македонското земјоделство

October 2, 2023

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Преку ИПАРД 3 нови 97 милиони евра за модернизација и развој на македонското земјоделство

October 2, 2023 15:47
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 97 милиони евра европски неповратни средства ќе бидат наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. Финансиската спогодба за ИПАРД 3 денеска во име на Владата ја потпиша вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и министрите за финансии Фатмир Бесими и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, пренесе МИА.

Според Маричиќ, финансиската спогодба е суштинска за нашето земјоделство и е продолжение на успешната ИПАРД  приказна во државава.

-Преку јакнењето на земјоделскиот сектор се приближуваме кон стандардите утврдени со заедничката земјоделска политика на ЕУ што е една од најважните и во која најмногу се вложува, а чија основна цел е поддршка на економската одржливост на руралните области, рече Маричиќ.

Како што истакна, тоа се остварува преку финансирање акции кои го поддржуваат руралниот развој, преку поттикнување на конкурентноста во земјоделството и во шумарството, преку одржливо управување со природните ресурси и климатските активности, преку постигнување на рамномерен регионален развој на руралните заедници и економии и преку создавање и одржување на вработувањата во овој сектор.

-Паралелно со ИПАРД 3 фондовите, користиме и финансиски средства за поддршка на земјоделските фондови преку годишните акциски програми за ИПА, кои се наменети за зајакнување на организациите кои треба да обезбедат заедничко управување на пазарите во согласност со законодавството на ЕУ и целите на Стратегијата на ЕУ за фер, здрав и еколошки прифатлив систем на храна со циркуларна зелена економија, подобрување на организацијата на земјоделците во изградба и управување со мали системи за наводнување. Спроведувањето на овие мерки значи инвестирање во земјоделството, зголемување на продуктивноста и правењето на оваа економска гранка поатрактивна за работа, но и да биде надминат по најразумни цени и недостатокот на храна во овие кризни времиња, рече Маричиќ.

Денеска потпишаната спогодба, како што кажа, ќе значи продолжување и уште поголемо развивање на успешната соработка што и досега ја имавме со ЕУ.

Добрата вест, како што рече евроамбасадорот Гир, е дека ИПАРД 3 ќе ги прошири можностите за инвестирање.

-Покрај традиционалните активности што ги поддржуваме за земјоделски стопанства и за фарми, ќе има поддршка и за повторно пошумување и заштита на шумите што е исклучително важно за климатските промени. Исто така и за советодавни услуги и за рурална инфраструктура, како и можност за земјоделците да поднесуваат проекти што ги поттикнуваат оние групи на производители и во кратките синџири на снабдување, рече Гир.

Нагласи дека земјава од 2007 година до сега преку ИПАРД програмите има искористено речиси 223 милиони евра.

-Северна Македонија е земја која предводи во регионот во однос на искористеноста на ИПАРД средствата. Тоа е земја каде земјоделството е во сржта на економијата, општеството и идентитетот на нејзините граѓани. Досега речиси 3.100 проекти се успешно завршени со поддршка од ИПАРД. Тие помогнаа да се надградат фармите, земјоделските стопанства, да се модернизираат стопанствата и за се диверзификуваат економските активности во руралните подрачја. Очекуваме новата програма да донесе уште поамбициозни резултати, повеќе средства и поширок опфат на активностите, рече Гир.

Посочи дека за ефикасно и транспарентно користење на јавните средства потребни се корективни активности за да се скратат одолговлекувањата при плаќањата на добитниците на средствата и да нема злоупотреба на средствата. – Затоа средствата ќе се доделуваат преку прилагоден софтвер за електронско поднесување на барањата што ќе овозможи подобра администрација и контрола на средствата од ИПАРД и ќе ја скрати постапката со што ќе биде поефикасна, рече Гир.

 

Tags: 97 милиони евраЗемјоделствоИПАРД 3
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ