• Latest
РОК НА ТРАЕЊЕ Антиалбанството на Мицковски секогаш има рок на траење - едно е да си во опозиција, а друго е кога треба да се дели власта (Мицкоски и Ахмети снимени во декември 2021 година)

Премолчено или не, но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во коалиција

June 9, 2024
Фотографија: Скриншот од Times Radio на Youtube

Украинскиот пратеник Мережко на Times Radio за военото ветување на Трамп: Огромен чекор кон мирот

July 16, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Нема пари за летување, ама има за луксуз за оние горе

July 16, 2025
Фото: принтскрин МВР

Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години

July 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 21 Палестинец убиен на пункт за хуманитарна помош на САД во јужна Газа, меѓу кои и многумина задушени од солзавец

July 16, 2025
Фото: Фејсбук на вицепемиерот Александар Николоски

Почна изградбата на 55 ветерници кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

July 16, 2025

Независните кандидати во последен обид за добивање правна основа за учество на изборите

July 16, 2025

Многу лопови, пола држава!

July 16, 2025

ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија

July 16, 2025

МВР распиша оглас за 150 полицајци

July 16, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica 
Foto: Screenshot X Radio 021

Интервентна единица ги потисна граѓаните што протестираа во Нови Сад поради прекинатата судска постапка за четирите активисти на СНС кои тепаа студенти

July 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Премолчено или не, но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во коалиција

Најважното работа од првата седница на Собранието по конститутивната е што клучната поддршка за Мицкоски за спроведување на неговите планови дојде од ДУИ. Двете структури изградија мост за приближување. Прашање е која е цената за испорачаната поддршка на ДУИ за реорганизацијата на Владата

June 9, 2024 15:43
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
РОК НА ТРАЕЊЕ Антиалбанството на Мицковски секогаш има рок на траење - едно е да си во опозиција, а друго е кога треба да се дели власта (Мицкоски и Ахмети снимени во декември 2021 година)

РОК НА ТРАЕЊЕ Антиалбанството на Мицковски секогаш има рок на траење - едно е да си во опозиција, а друго е кога треба да се дели власта (Мицкоски и Ахмети снимени во декември 2021 година)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУПЧО ПОПОВСКИ

Уште првата седница на Собранието по конститутивната покажа дека прилично неочекувани работи ќе се случуваат во политиката. Ривалствата и тешките мачни зборови се запретани, а прагматичноста и трговијата добија примат пред идеолошките и политичките ставови.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно се заедно. Партијата на Али Ахмети ја обезбеди клучната логистика за постигнување на двотретинското мнозинство и изгласување на реорганизацијата на Владата.

Неколку недели наназад имаше разни шпекулации за тоа од кој базен гласови би можело да дојдат неопходните неколку пратеници за новата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ да стигне до двотретинско мнозинство. Мандатарот Христијан Мицкоски неколку пати тврдеше дека „имаме консолидирано 61 пратеник“, но тоа се испостави дека не е точно. Потоа се велеше дека двајца пратеници од „Европскиот фронт“ од турските партии ќе се наклонеле кон новото мнозинство. И тоа се покажа како погрешна информација. Потоа дека двата помали партнери од коалицијата на СДСМ ќе заминеле со новата власт. И тоа беше погрешно.

Она на што малкумина се обложуваа – дека ДУИ (после толку тешките зборови изречени против нив во кампањата и цела година претходно) ќе му ја даде клучната поддршка на Мицкоски за неговите планови, рано изутринава во 2,30 минути се покажа како добитна комбинација. Наводно лутите непријатели, кои како и многу пати досега се натпреваруваа во интензитетот на национализмот, уште пред формирањето на владата најдоа јазик со кој ќе го продолжат старото разбирање.

Работите станаа јасни кога некаде пред 23 часот синоќа ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение дека во еден неочекуван расплет лутите предизборни ривали нашле разбирање. И дека ВМРО-ДПМНЕ и „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ склучиле договор албанската опозиција да ги поддржи законските измени за реорганизација на Владата.

ДУИ така најде начин да му пристапи на ВМРО-ДПМНЕ и да ги возобноват старите контакти. А и ВМРО-ДПМНЕ да се обрати кон „пријателот“ со кого беа во совршена дружба девет години. За оваа поддршка од ВМРО-ДПМНЕ се обврзале во „догледно време“ да се формира ад-хок комисија за следење на правичната застапеност на етничките заедници во државната управа.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ имало консултации со партнерите во новата влада, „Вреди“ и ЗНАМ. Дали тие задоволно климнале со главата што нивните архи-непријатели од ДУИ на задна врата влегуваат во мнозинската коалиција во Собранието не знаеме.

За реорганизацијата на Владата гласаа 88 пратеници, а 22  беа против. Додека го пишуваме ова листингот за тоа кој како гласал уште не е излезен на веб-страницата на Собранието, но од графичкиот приказ на Собранискиот канал при изјаснувањето во 2,30 часот се гледаше дека меѓу тие 88 пратеници има 11 гласови од „Европскиот фронт“. Пратеничкта група на „Фронтот“ брои 18 члена, лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, претходно изјави дека тие нема да гласаат за законските измени. Очигледно е дека групата на ДУИ во „Европскиот фронт“ се приклонила кон плановите на ВМРО-ДПМНЕ. Дали тоа ќе има последици за кохезијата на „Европскиот фронт“ ќе видиме дополнително.

Исто така, за размерите на трговијата би требало да се дознае подоцна. Би требало. Во наводната жестока пресметка со корупцијата. Уште порано беше јасно дека дека Али Ахмети со поставувањето на луѓето од времето на вмровската дружба на пратеничките листи, а не на помладите и способни министри од последниве две влади, се обиде да направи мост кон она што се гледаше дека доаѓа (победата на ВМРО-ДПМНЕ) и да го намали бранот на отцепување од партијата кое го водеше групацијата на Изет Меџити. Сега координатор на пратеничката група е поранешниот министер за правда и до пред некој ден градоначалник на Сарај, Блерим Беџети. Се сеќаваме на него од живописните снимки од прислушуваните разговори. Тој изгледа ќе биде клучното лице за контакт со структурите со кои некогаш седеше заедно во владата.

И на комисиската расправа и на пленарната седница ноќеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ молчеа, освен кога дофрлаа од место на излагања на некои од нивните колеги. Но кога Славјанка Петровска од СДСМ го читаше соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за договорот со „Европскиот фронт“ (всушност со ДУИ), во салата имаше апсолутен молк. Никој од централната редица и од онаа од десната страна не сакаше да го слуша овој постизборфен пресврт – ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од „Вреди“ ниту од ЗНАМ. На крајот на гласањето имаше аплауз. Не пресилен, но аплауз, и извици на олеснување. Сега можеби ќе се нудат објаснувања дека ДУИ ја почитувал силината на изборното изјаснување и разбрал дека за Македонија да оди напред треба да се поддржат плановите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Од кои тој по никоја цена не сака да се откаже, па макар се здружил со ДУИ.

Неколку работи остануваат како прашања по ноќешното гласање: Прво, дали ДУИ е неформалниот четврти партнер во идната владина коалиција; второ, дали на оние што веќе прифатија да бидат дел од новото мнозинство („Вреди“ и ЗНАМ) ваквото приближување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не им пречи или пак им се лоши од него; трето, која е цената за испорачаната поддршка на ДУИ за реорганизацијата на Владата (создавањето на ад-хок тело за следење на правичната застапеност на етничките заедници во државната управа е бесмислено евтина приказна); четврто, дали ДУИ ќе ја испорача ваквата поддршка кога треба да се одлучува за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители и кога ќе треба да се носат други одлуки за кои е потребно двотретинско мнозинство; дали се согласуваат со реториката на влошување на односите со соседите, особено со Грција; и петто, можеби најважно – дали тие се, всушност, премолчен владин партнер на Мицкоски а не опозиција во Собранието.

Беџети во ноќешната дискусија рече дека „предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Но, цениме дека еден ваков упад треба да биде сериозно разгледан, но ова ќе го оставиме на времето, дали ќе биде постигната таква ефикасност“. А додека стигне тоа време партијата можеби ќе обезбеди некаков мир. Иако формално не е во власта.

По молчењето на конститутивната седница ноќеска СДСМ го направи она што го очекуваа неговите поддржувачи. Пратениците образложуваа зошто набрзина спроведената реоргизацијата на Владата е лош потег и какви последици може да има. Тиа изгледа дека полекасе соземаат за новата улога што им следи кога треба да бидат во длабока сенка. И дека завршува состојбата на хибернација. Седумнаесет пратеници од оваа коалиција гласа против предлогот на Мицкоски (последниот од групата е на пат во странство) и оние петмина од Левица, вкупно 22.

Уште првата седница на Собранието покажа дека ќе биде многу интересно во наредниот период. Она што се претполагаше како факт пред нејзиното одржување излезе дека можеби е преодна фаза. Најважното е што клучната поддршка за Мицкоски за спроведување на неговите планови дојде од ДУИ. Изгледа спектакуларно, и така и е. Како што може да бидат спектакуларни и резултатите од оваа старо-нова пријателска прегратка. Тоа е некако како емотивна средба на генерацијата на 20 години од матурата.


Извор: Независен. Текстот е личен став на авторот

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕдвотретинското мнозинствоДУИизгласување реорганизација на Владатакоалицирање
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • фото: ФБ с. Батинци

    Во скопско Батинци е убиен Агим Мухареми, припадник на АРМ

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Хиперсоничниот удар на Русија со „Кинжал“ врз украинска воздухопловна база повторно неуспешен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Иноватори, локалци и други приказни за големи деца

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Опера и Балет и Филхармонија беа затворени тврдини за Албанците, по 30 години, ВЛЕН го сруши ѕидот на дискриминацијата

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ