• Latest
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Препукување за фамозниот „нон-пејпер“, Алијанса и Алтернатива се откажаа од трката за Кичево и Чашка, ДУИ со повеќе жени и млади на овие локални избори

September 14, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Препукување за фамозниот „нон-пејпер“, Алијанса и Алтернатива се откажаа од трката за Кичево и Чашка, ДУИ со повеќе жени и млади на овие локални избори

September 14, 2021 16:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат партиските препукувања околу оставката на Венко Филипче. Но, покрај препукувањата за трагедијата во Тетово, политичките партии се обвинуваат за ширење на лажни вести поврзани со „нон-пејперот“ за македонско-бугарскиот спор.

Алијанса за Албанците се откажа од општините Кичево и Чашка за да не ги расцепкаат гласовите на Албанците.

ДУИ на овие локални избори ќе има повеќе жени, млади и лица кои доаѓаат од граѓанскиот сектор.

ПРЕПУКУВАЊЕ ЗА ФАМОЗНИОТ „НОН-ПЕЈПЕР“ 

Од СДСМ велат дека секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, така се зголемува интензитетот на лажни вести, конструкции и измислици од страна на опозицијата.

„Очигледно е дека фамозниот нон-пејпер е пишуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за да може Димитар Апасиев да шири лажни вести и да се радува на Фејсбук и другите социјални мрежи.

Што друго може да се очекува од политички партии кои наместо конкретни мерки и програми, нудат само лажни вести и невистини. Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејсбук и тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорно дејствување“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ со лажни вести се обидува да ја дефокусира јавноста од одговорноста на Филипче за трагедијата во Тетово.

„СДСМ ја разбира политика сакајќи да одвлече внимание од оставките и моралната одговорност на Венко Филипче и Зоран Заев за несреќата во Тетово. СДСМ  да го провери лап топот на Заев и нека се увери кој е авторот на документот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО И ДЕНЕС СЕ НАЈДЕ НА ПАРТИСКИТЕ АГЕНДИ

Исто така од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на Коалицијата ДУИ и СДСМ на чело со спикерот Талат Џафери помил им е на Венко Филипче отколку животите на граѓаните на Тетово.

„Денес Собранието на чело со Талат Џафери и мнозинството на СДСМ и ДУИ застана во целосна одбрана на Зоран Заев и Венко Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ одговорија дека додека опозицијата тера бесрамна политизација на несреќата во Тетово.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажуваат дека не го знаат Уставот, не го познаваат деловникот, дека немаат П од право и политика. По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да спечалат некој политички поен на национална трагедија, со што само го покажуваат нивното некрофилско, бесрамно лице“, велат од СДСМ.

ПАРТИСКИ КАЛКУЛАЦИИ

Алијансата за Албанците и Алтернатива, одлучи да се повлече од трката во општините каде што гласот на Албанците е поделен.

„Земајќи ги предвид специфичните околности на општина Кичево, одлучивме да го повлечеме нашиот кандидат од трката во оваа општина. Исто така, гледајќи ја можноста општината Чашка за првпат да ја води Албанец, ние како коалиција одлучивме да не се натпреваруваме со кандидат во Чашка и да го поддржиме единствениот кандидат Албанец, иако тој доаѓа од редовите на нашата политички противници“, велат од Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Oд Демократската унија на Албанците на прес-конференција истакнаа дека на овие избори им се даде повеќе простор на жените, младите и лица кои доаѓаат од граѓанскиот сектор.

РОКОВНИК

Сите поважни рокови до крајот на изборниот процес на едно место се собрани во роковникот што го објави и ЦИВИЛ. Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ПОТСЕТНИК: ЦИВИЛ ГИ ПОВИКА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ДА ЈА ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ