• Latest

Пресек: Европските вредности се достижна цел, ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите, Младиќ осуден доживотно за геноцид

June 8, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Европските вредности се достижна цел, ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите, Младиќ осуден доживотно за геноцид

June 8, 2021 19:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Џундева, Махмут и Шабани на панелот на ЦИВИЛ: Европските вредности се достижна цел

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“, на кој учествуваа Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 и уредничка на емисијата „Европат“, активистот Тефик Махмут и Самет Шабани, Хоризон Цивитас. Панелот го модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

„Според она што го имаме во моментов како една слика е дека граѓаните сакаат да чекорат напред кон ЕУ но возот се движи бавно, не само во однос на политиките на ЕУ и аспирациите наши, туку и во однос на промените кои мора да почнат од самите нас“, истакна Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?

Секој министер мора да ја притиска владата дека некои реформи мора да се направат. Мора да почнеме од нас самите. Мора да се работи на реформи внатрешно во државата за во иднина да ги надминеме споровите кои ги имаме“, надополни Џундева.

Активистот Тефик Махмут на панел дискусија на ЦИВИЛ нагласи дека треба да се разликува меѓу европски вредности и европските принципи.

„Тоа што се гради ѕид меѓу една етничка група не е во согласност со правниот поредок во државата и европските вредности. За да бидеме дел од ЕУ треба да исполнуваме одредени услови, меѓу кои се почитување на правата на малцинствата. Се согласувам дека медиумите се едни од креаторите, тие што влијаат на креирање на јавното мислење, и дека веќе имаме нешто опипливо.

Самет Шабани од Хоризон Цивитас смета дека граѓанското општество беше еден од главните столбови за промените во последните 7-8 години кога и почнаа првите чекори против тогашната власт, и од тука произлегува таа разлика и свесност и тоа што денес го нарекуваме европски вредности.

„И во европските земји на промена почнаа за почитување за веќе нарушеното достоинство. Граѓанското општество беше прв столб за стимулирање на една таква промена и со тоа играше позитивна улога во последните 7-8 години. Сега како тренд е евроинтеграцијата и тоа што европската интеграција ја сметаме на ниво на институционална интеграција, а главната улога треба да ја игра граѓанското општество.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Мас: ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите со Скопје и Тирана

„ЕУ мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел.

Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на Европската унија. Сите знаеме дека внатрешната политика може да го ограничи опсегот на надворешната политика. И разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување,“ порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, нагласувајќи дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.

ЦИВИЛ 7: Мултикултурализмот во работна и животна средина, недискриминација на работните места, зелена политика…

ЦИВИЛ 7 е редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа во кој  секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ се осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

Во ова издание: мултикултурализмот во работна и животна средина, стратегијата Едно општество за сите на локално ниво, недискриминација во работните места, и изненадувањето од ДУИ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ХАГ Меѓународниот суд во Хаг денеска ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Воениот злосторник кого меѓународните медиуми го нарекоа и „касапинот од Босна“ е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ во 90-години од минатиот век.

КРИЗНА СОСТОЈБА Пратениците го одобрија рокот за продолжување на кризна состојба  до крајот на годинава на територија на целата држава.

МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на германското претседателство со Берлинскиот процес во 2021 година. 

Вклучувањето на земјите од Западен Балкан ќе поттикне создавање нови вредности.

ЕУ мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија,

МАЗУТ Министерството за економија денеска или најдоцна утре ќе ги објави наодите од анализите што ги прават надлежните институции, а имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури.

ИМУНИЗАЦИЈА На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани.

ЕКОНОМИЈА Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска смета дека во периодот кој следи, главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни. Од една страна ќе треба да се обезбеди поддршка за економиите во закрепнувањето на кризата, а од друга страна ќе треба да внимава да не се предизвикаат нерамнотежи.

ОБРАЗОВАНИЕ Комбиниран модел на настава и нов начин на средношколско организирање се главните приоритети на новиот лидер на Сојузот на средношколци.

ИЗБОРИ Алијансата за Албанците на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии.

НЕРАБОТЕН ДЕН Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Со чартер-лет од Меѓународниот аеродром Скопје, македонската фудбалска репрезентација замина за Букурешт, каде за првпат ќе настапи на Европско првенство.

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ