• Latest

Претставата можеби е лоша, но затоа е скапа

April 14, 2019

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Претставата можеби е лоша, но затоа е скапа

April 14, 2019 13:36
in ИЗБОРИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата за претседателските избори можеби е лоша и невкусна, ама затоа е многу скапа. Изминува викенд на „централни“ митинзи , пред големото дерби со прво полувреме на 21 април и решавачко второ на 5 мај. Сложни сме јас и моите другарки и другари овие денови – ние сме публика на една евтина театарска претстава за која плативме прескапа влезница од десет милиони евра. Но тоа се само дел од трошоците за овој изборен процес со прилично неизвесен крај.

Џабир Дерала

На тие 10 милиони евра колку што трошат партиите и кандидатите за своите кампањи, треба да додадеме и сѐ уште непозната сума, секако милионска, за сите останати трошоци, од печатење на гласачките ливчиња, до дневници за членовите на избирачките одбори. Веројатно никогаш нема со сигурност да ги утврдиме (намерно или ненамерно) скриените трошоци на изборите, а уште помалку ќе ја дознаеме сумата од црни пари што веќе циркулираат или се ветуваат.

На пример, за само нешто над 1.700 гласачи во дијаспората колку што се регистрираа за гласање, ќе се потрошат 30 милиони денари (речиси 500 илјади евра), со што гласањето на дијаспората на овие избори ќе биде најскапото во македонската историја. Не знаеме колку поединци и фирми се одѕвале на повикот на ВМРО-ДПМНЕ за донации за кампања, а мала е веројатноста дека ќе дознаеме колку „донатори“ имаат и другите учесници во оваа претстава.

Читател(к)ите сигурно претпоставуваат дека имам свое мислење за централните митинзи закажани во текот на викендот, недела дена пред првиот изборен круг. Имам, а секако и ќе го споделам во првата наредна прилика, но мислам дека е добро да го погледнеме целиот процес уште еднаш.

Секој од нас можеби има симпатии кон едниот, другиот или третиот кандидат, но мораме да се запрашаме, колку сето ова нѐ чини сите нас заедно и дали вреди да се фрлаат толку многу пари на нешто што дополнително нѐ разединува и нѐ осиромашува. Навистина, зошто мора толку да платиме? Верувам дека сите заедно ќе се согласиме дека за овие пари е подобро да поправиме педесетина училишта и амбуланти низ земјава, да исплатиме отпремнини за непотребните административци (наместо да вработуваме нови), да ги качиме макар малку платите на наставниците, лекарите, пожарникарите… Да купиме лекови, да поставиме канти за отпадоци, да дадеме стипендии за талентираните млади, а притоа да не гледаме помпезни удирања в гради затоа што се вложиле напори и пари во сосема обични и нормални работи… Што секако нема да се случи.

И овие избори ни минуваат во знакот на судирот меѓу про и анти западната ориентација, тежнеењето за интеграција наспроти изолацијата, концептот на мултикултурното општество наспроти националистичката хистерија… Веќе не можеме веќе да кажеме дека се судираат концептите за правна држава наспроти криминалниот поредок. Зошто? Затоа што погубното цунами од амнестии и партиски пазарења за да се стаса до „повисоки цели“, веќе ја достави својата фактура. Цената на ова подривање на правната држава ќе ја плаќаме барем до следните избори, а сигурен сум и многу, многу подолго.

Овие денови не беше тешко да се утврди флагрантното кршење на Изборниот законик кој, сам по себе, е како биено прилепско сирење, по сите скапи процеси на негово дотерување. По сите дупки што ги издупчија фолирантите што работеа на Изборниот законик изминативе години, сега можеме само да кажеме дека ни треба нов законик, бидејќи овој, сегашниот, само ќе предизвика кршење на правото на глас. Ама, никому ништо…

Кампањата започна предвремено, со кршење не само на Изборниот, туку и на Кривичниот законик. Мислите дека некој се насекира за тоа? Политичките партии ги користат сите можни начини за да ја бајпасираат регулативата и да допрат до гласачите, да ветат, да изманипулираат… Да не му побели некое влакно некому поради тоа?

Од сѐ, највидлив е говорот на омразата. И на овие избори одиме под нишанот на тешкиот арсенал од омраза и повици за гетоизирање.

Сепак, најмногу од сите лоши страни на изборниот процес, нервира и навредува злоупотребата на деца во кампањата. Не научија, ниту политичарите, а ниту родителите, дека децата мора да бидат оставени настрана од политиката. Пишував за тоа и ќе продолжам да пишувам, сѐ додека не слушнам барем извинување за злоупотребите на децата во грдата македонска политика. Одговорност, за жал, не очекувам никој да поднесе, но ќе барам извинување од сите што ги злоупотребиле и ги злоупотребуваат децата за политички цели. Се надевам дека родителите ќе се согласат со мене.

Веќе ми е преку глава да слушам говори што се украдени од колумни и говори, да гледам сценографија и симболи што без трошка срам се крадат и се прикажуваат како сопствени. Како никогаш порано, крадењето на туѓи идеи, колумни, дизајни и слогани стана толку очигледно, а ретко кој зборува за тоа. Ова е толку бедно што ги надминува сите граници на подносливото.

За крај, една „добра“ вест. Поткупот за поединечен глас веќе не е 500 денари, туку покачена е цената на 1.000, а веројатно ќе постигне и повисока цена во попладневните часови на вториот круг на 5 мај.

И, секако, останува можноста целата оваа прескапо платена играчка од избори да не успее. За потоа да добиеме уште поскапо платена политичка криза…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share57TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ