Американскиот претставник за Украина го нарече Володимир Зеленски „храбар лидер“ и рече дека двајцата вчера имале „позитивни дискусии“ во Кијив.
Според Би-би-си, коментарите на Кит Келог доаѓаат откако советникот за национална безбедност на Белата куќа рече дека Доналд Трамп е „многу фрустриран“ од украинскиот претседател.
Дванаесет цивили биле убиени во текот на изминатиот ден во руските напади, според украинските власти, при што биле погодени домови и инфраструктура, во време кога САД и Русија ја разгледуваат средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, при што Кремљ соопшти дека се уште не е донесена одлука
Белата куќа вели дека сè е на маса кога станува збор за мировните преговори, додека Украина не ни седи намасата, објави Џејмс Вотерхаус од Кијив
САД се спротивставуваат на нарекувањето Русија „агресор“ во изјавата на Г7 по повод третата годишнина од целосната инвазија на Украина, се вели во извештаите.
Подготви: Д. Мишев