• Latest

Преговори со Македонија во 2019

February 6, 2018

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преговори со Македонија во 2019

February 6, 2018 08:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот комесар на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ќе ја презентираат Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан.

Могерини и Хан ќе ја објават Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан, во која се предупредува на две важни прашања, кои се однесуваат на целиот регион, а кои треба да се решат пред пристапувањето на која и да е земја во ЕУ: дијалогот меѓу Србија и Косово и билатералните спорови.

Во најновата верзија на Стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.

Црна Гора и Србија и натаму се идентификуваат како лидери во регионот, па нивниот прием во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година. Истата година, кога лидерите во регионот ќе ги завршат преговорите, се предвидува почеток на процесот со Босна и Херцеговина.

Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година.

Крајот на 2019 година е рокот до кој Србија и Косово би требало да постигнат договор за сеопфатна нормализација на односите.

Делегацијата на ЕУ во земјава ќе организира директен пренос на прес-конференцијата, по која на новинарите ќе им се обрати амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера изјави дека Македонија очекува во Стратегијата да добие јасна европска перспектива, но и можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година да стане дел од Унијата.

Според него, треба да се има предвид дека Македонија има најголемо искуство во овој процес, најдолго е во овој процес и во реалноста има постигнато многу во смисла на хармонизација со европската легислатива и во исполнување на критериумите.

Официјално документот што денеска ќе биде презентиран во Стразбур, на македонските власти ќе им биде доставен од евроамбасадорот Жбогар.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2019Европска КомисијаЕУМакедонијаПреговористратегија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ