• Latest

Приведени двајца од напаѓачите на Села

May 10, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Приведени двајца од напаѓачите на Села

May 10, 2017 13:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

К. Ѓ. и неговиот татко Ц. Ѓ. изутринава околу 6 часот се приведени од нивниот дом во полициската станица во скопската населба Кисела Вода, поради напад врз пратеникот Зијадин Села, лидерот на ДР на ДПА,  во Собранието на „црниот четврток“, 27 април, соопшти МВР. Таткото и синот којшто убаво се гледа на снимките како го влече пратеникот Села, се товарат за сторено кривично дело „учество во толпа, што ќе изврши кривично дело“.

При претресот во нивниот дом, со наредба од судија на претходна постапка, се пронајдени и одземени патики со видливи траги од крв, облека и три мобилни телефони.

„При преземањето на мерките и активностите, било утврдено дека во салата 3, каде се одржувала прес- конференција, Ц. Ѓ. најпрвин фрлил стол, а К. Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот З. С.“, соопшти МВР.

Пред тоа, во полицијата дал изјава Т. Т., еден од четворицата кои го влечеа Села по собраниските ходници.

Скопјанецот И. К. се сомничи за напад врз лидерот на СДСМ, Зоран Заев и затоа што фрлил столче кон собраниското обезбедување. По информативниот разговор, И. К. е ослободен. МВР против него најави кривична пријава поради основано сомневање дека сторил кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.

На 27 април 2017. откако парламентарното мнозинство го изгласа новиот собраниски спикер, ексминистерот за одбрана Талат Џафери, пратеник од ДУИ, маса граѓани, демонстранти од иницијативата „За заедничка Македонија“, насилно влегоа во Собранието. Дел од граѓаните нападнаа и повредија пратеници и новинари, при што, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на пратеникот Зијадин Села им се нанесени најтешки телесни повреди. Села 10 дена гпомина на рехабилитација во приватна клиника во Тетово.

М. Талеска

 

Tags: Зијадин СелаЗоран Заевкривична одговорностМВРнапаѓачитатко и синЦрн Четврток
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ