Доналд Трамп по воената операција рано во саботата изјави дека САД ќе управува со Венецуела, и предупреди во неделата дека САД би можеле да започнат втор напад ако преостанатите членови на владата не соработуваат во неговите напори да ја „поправи“ земјата, објави Гардијан.
Венецуелската потпретседателка и сојузничка на Мадуро, Делси Родригез, е назначена за вршител на должноста претседател и понуди „да соработува“ со администрацијата на Трамп во она што би можело да биде голема промена во односите меѓу владите.
Во помирувачка порака на Инстаграм во неделата, таа рече дека се надева дека ќе изгради „почитувачки односи“ со Трамп, пишува Градијан.
„Ја покануваме американската влада да соработува со нас на агенда за соработка ориентирана кон заеднички развој во рамките на меѓународното право за зајакнување на трајниот соживот во заедницата“, рече Родригез.
Во претходно телевизиско обраќање, Родригез не даде никакви индикации дека ќе соработува со Трамп, велејќи дека она што се прави во Венецуела е „злосторство што го крши меѓународното право“, нарекувајќи ја владата на Трамп „екстремисти“ и тврдејќи дека Мадуро е законскиот лидер на Венецуела.
Но, Трамп подоцна предупреди дека ако Родригез не се согласи, „таа ќе плати многу голема цена, веројатно поголема од Мадуро“.












