• Latest

Прекинато рочиштето за Грујевски и Бошковски, ново закажано за 26 април

March 9, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прекинато рочиштето за Грујевски и Бошковски, ново закажано за 26 април

March 9, 2018 12:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради правни прашања, рочиштето по жалбата по одлуката на солунскиот суд за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Врховниот суд во Атина, беше прекинато и ќе продолжи на 26 април, повторно зад затворени врати.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, рочиштето започна зад затворени врати, по барање на адвокатите, по неколку минути беше прекинато и продолжи по пауза од половина час.

Тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски побара од шестчлениот Совет на судии и обвинителот рочиштето да не биде јавно, а по барањето на претседателката на Советот, тие образложија зошто сакаат судницата да биде испразнета и искористија неколку аргументи.

Рекоа дека станува збор за политички прогон и се обвинети за политички криминал, нешто со што тие како одбрана не се согласуваат, објаснија дека во исказот што ќе го дадат има прашања кои што се доверливи, кои што не се за во јавност, со оглед на тоа дека рочиштата се јавни и никој не знае кој сѐ се наоѓа во судницата. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.

Едниот адвокат, образложи дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта. И потсети дека и во Судот во Солун рочиштето беше зад затворени врати.

Како дополнителен аргумент, еден од адвокатите посочи дека во судницата има и новинари, кои што сакаат да објават што кажале Грујевски и Бошковски во исказот.

За конкретниот случај не постои никаков интерес во грчките медиуми и единствен новинар во судницата, беше дописникот на МИА од Атина.

Пред да биде донесена конечната одлука дали ќе се прифати или не сослушувањето да биде зад затворени врати, претседателката на Советот на судии им објасни на Грујевски и Бошковски дека нивните адвокати бараат рочиштето да биде затворено и побара согласност од нив. На прашањето дали и тие се согласуваат сослушувањето да се одржи зад затворени врати, двајцата одговорија позитивно.

Веднаш потоа, обвинителот соопшти дека барањето е прифатено и во судницата останаа само Бошковски, Грујевски, полициското обезбедување, преведувачот и двајцата адвокати.

Ваквите рочишта по правило се јавни, а само во одредени случаи се прават исклучоци и се одржуваат зад затворени врати.

По завршувањето на рочиштето, со полициско обезбедување, Грујевски и Бошковски беа повторно вратени во атинскиот затвор „Коридалос“ каде што ќе останат до следното рочиште.

За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.

Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември. Сослушувањето пред Комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но одложено, поради тоа што тие се наоѓаа веќе во Атина.

Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на Судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БошковскиГрујевскиГрцијасудење
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ