• Latest

Премиерот Заев даде поддршка на ЛГБТИ заедницата

November 1, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Премиерот Заев даде поддршка на ЛГБТИ заедницата

November 1, 2017 16:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев синоќа најави нов закон за спречување на дискриминација, на прославата на петтиот роденден на Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата, која се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје.

Тој рече дека граѓаните на овие избори застанале зад концептот дека секој е важен и дека Македонија треба да биде држава на сите граѓани.

„Еден од темелите на демократијата е почитувања на човековите права. Знам дека вашиот Центар беше изложен на поттикнати насилнички напади. Владата ќе донесе нов Закон за заштита од дискриминација според меѓународни стандарди. Ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштита на правата на граѓаните“, рече премиерот Заев.

Тој даде лична донација за Сигурната куќа на Центарот за заштита на ЛГБТ заедницата, каде се згрижени лица кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради сексуалната ориентација.

„Ова е прв роденден во слобода! Бевме напаѓани, навредувани, но за тоа никој не одговараше“, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ нагласи дека досега се одржани над 150 јавни настани, околу 50 луѓе добиле психо-социјална помош, а сите овие работи се правени во време на режим во кој беа напаѓани.

„Преживеавме, направивме четири кампањи на локално ниво во режим што не напаѓаше. Двапати бевме цел на напади и тоа токму на нашите родендени“, истакна Андоновски.

Изминатите години членови на ЛГБТ заедницата беа повеќе пати нападнати. На одбележувањето на двегодишнината на Центарот за поддршка, членови беа физички нападнати во кафе барот „Дамар“ во старата Скопска чаршија. Полицијата ниту еднаш во нападите не препозна дискриминаторски мотиви. Обвинителството нема процесуирано ниту еден случај.

Д.М.

Tags: Зоран ЗаевЛГБТИподдршкапрославаХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ