Граѓански новинар до ЦИВИЛ – Центар за слобода испрати фотографија од холот на зградата на Владата на Република Македонија, каде што се поставени фотографиите на сите поранешни премиери на земјата. Во низата, од пред некој ден, се додадени фотографиите на последните два премиера, Никола Груевски и Емил Димитриев.
Тоа што може да се забележи е дека за разлика од фотографиите на другите премиери, фотографиите на Димитриев и Груевски се единствените каде што премиерите се сликани со македонското знаме во заднина. Освен тоа, најзабележлива е фотографијата на Груевски, која за разлика од сите останати портрети, е поставена во хоризонтална положба.