• Latest

Пренџова: Стихови за родовата рамноправност и за родовото освестување на жените!

May 17, 2017
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Пренџова: Стихови за родовата рамноправност и за родовото освестување на жените!

May 17, 2017 17:47
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија годинава за првпат ќе учествува на Меѓународниот саем на книгата во Варшава, Полска, што ќе се одржи од 17 до 21 мај. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, на македонскиот штанд ќе изложи околу 300 изданија од областа на книжевноста, културата и уметноста, избрани публикации од капиталните издавачки проекти „135 тома македонска книжевност“ (во оригинал и на англиски јазик) и антологии на македонската книжевност, преведени на шест странски јазици (руски, француски, германски, шпански, кинески и арапски).

По тој повод ЦИВИЛ Медиа разговараше со Елена Пренџова, една од авторките која ќе се претстави со специјално подготвена и отпечатена брошура на полски јазик која содржи био-библиографски податоци и избор од неколку песни, во препев на полски.

Елена Пренџова, поетеса

„Секое учество на настан поврзан со областа во која работи е значаен за сите уметници, особено ако е интернационален и се одржува во странство. За уметникот/цата тоа подразбира дека неговата/нејзината уметност е вреднувана, прифатена од реципиентките и реципиентите, но и дека се смета доволно репрезентативна за националната уметност, односно, книжевност. Чувството истовремено е и комплимент, и награда, и чествување. Радост, секако… Можноста за јавно претставување е круцијална за секоја личност што се занимава со уметност, бидејќи, вистинската уметност, колку и да се чува како ембрион во мајчина утроба, како бубреже во лој, кога-тогаш, на крајот, сепак, ќе излезе од својот заштитен кожурец. Впрочем, меѓу другото, она што ја дефинира уметноста е и пукањето на балонот на интимноста и навлегувањето во сферата на јавното и достапното“, ни изјави Пренџова, осврнувајќи се на тоа што за неа претставува учеството на ваков меѓународен саем.

На прашањето која е пораката која таа ја испраќа со своите дела, Пренџова за ЦИВИЛ Медиа, изјави:„Уметноста не мора да има порака. Некогаш е сосема доволно, па и пожелно, да биде ‘уметност заради уметност’. Мојот домен е исклучиво поезијата, со многу мали и ограничени исклучоци на есеистичко-теоретски текстови и препеви. Поезијата, во споредба со останатите уметности, повеќе тежнее кон рефлексивност, емоционално празнење, емоционална и ментална катарза. Затоа, таа повеќе е животно-филозофски став и душевна рефлексија, отколку дидактичко-памфлетско пренесување порака. Повеќе поставува прашања, отколку што дава одговори; повеќе дава насоки за размислување и поттикнува размислување, отколку што нуди конкретни и конечни пораки; повеќе служи како мевлем за душата, отколку како билборд со јасно утврдени пораки; повеќе е интровертно насочена, кон anima-та, отколку екстровертно, кон mente-то. Затоа и немам конечна порака што сакам да ја испратам. Повеќе би сакала да го привлечам вниманието и да поттикнам размислување на одредени општествено-социјални теми, најчесто поврзани со родовата рамноправност, еманципацијата и родовото освестување на жените и генерално положбата на жените во општеството. Или, едноставно, моите стихови да бидат метафизичка утеха за некоја моментална емоционално-душевна состојба.“

Покрај Пренџова, на саемот ќе биде претставено и творештвото на Николина Андова-Шопова, Јулијана Величковска, Владимир Илиевски, Владимир Јанковски, Вера Калин, Стефан Марковски, Марта Маркоска, Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, Марина Мијаковска, Блаже Миневски, Давор Стојановски и Јовица Тасевски-Етернијан.

Централниот настан ќе биде Македонскиот ден – во сабота, 20 мај, во главната сала за промоции, а на кој ќе биде претставена современата македонска поезија и проза, со настап на авторите Блаже Миневски, Јовица Тасевски-Етернијан и Владимир Илиевски.

Овој настан НУБ го организира заедно со Амбасадата на Република Македонија во Варшава.

Меѓународниот саем на книгата во Варшава е еден од најголемите во овој дел на Европа. Оваа година ќе учествуваат околу 800 издавачи од 32 држави од пет континенти, а земја – почесен гостин ќе биде Германија.

М. Теговска

Tags: ВаршаваЕлена ПренџовакнижевностМеѓународен саемНУБуметност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ