• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025 18:48
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

По министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кои на вечерната прес конференција на 13 септември тврдеа дека пожарот во депонијата за електронски отпад во Трубарево, скопско, претставува „хибриден напад“, се огласи и премиерот Христијан Мицкоски. Тошковски не може ни Господ да го убеди дека се работи за случајност, а за Ангелов, сите пожари се хибриден напад. За Мицкоски, пак, се работи за хибриден напад против неговата влада. 

Анализата на случајот под наслов Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели секако дека може во целост да се примени и на изјавата од премиерот. 

Во врска со изјавите на првите луѓе на МВР, ДЗС и Владата, имавме преписка со проф. д-р Оливер Андонов, чија богата кариера е поврзана со безбедноста и сигурноста и од воен и од полициски аспект. 

Според Андонов, ова што ни се случува со депониите може да е ДИВЕРЗИЈА, но тоа е дел од специјална војна како дефиниција на специјалната војна во рамките на војувањето. Може да се зборува и за хибриден напад, но тоа е исто дел од поранешниот термин специјална војна. 

„Во однос на пресот на Панче и Стојанче, а на тоа се надоврза и изјавата на Мицкоски дека се работи за хибриден напад од центри од надвор и од внатре, станува јасно дека Мицкоски, Панче и Стојанче не знаат што е тоа Хибридна војна и во современ аспект што тоа значи и кон што е насочена. Вам ви е јасно дека хибридните дејства се насочени кон држави кои се сериозна закана или пречка, а Македонија тоа не е. Иако Мицкоски во неговата изјава рече дека хибридниот напад бил против оваа влада и тоа му беше во стилот на Вучиќ“, изјави  проф. Андонов во преписката со ЦИВИЛ Медиа. 

Тој пишува дека се работи за неспроведување на законите и превентивните мерки. 

„Во конкретниот случај со депониите или поточно ѓубриштата, се работи за неработење, неспроведување на законите, непостоење превентивни мерки за Противпожарна заштита за селекција на отпад и управување со отпад, па дел од ѓубриштата се палат самите поради загревање на метанот како производ од распад на сметот, а дел (како она вчера во Трубарево) поради нестручно управување со високо ризичен отпад и без надзор од државата“, изјави Андонов во преписката со ЦИВИЛ Медиа. 

Според нашиот соговорник, сево ова е обид власта да се спаси од „несомнената одговорност“ за овие појави што ја алармираат јавноста и го загрозуваат здравјето и безбедноста на населението.  

„Целиот обид на Мицкоски и останатите е да се спаси од несомнената одговорност на државата  за загадувањето, пожарите и воопшто неспособноста за нормално функционирање на државата и спроведување на законите. Затоа, смислиле да зборуваат за хибридни напади без да посочи кој стои зад нив, а би било логично да се знае кој стои зад нив и да се делува“, категоричен е Андонов. 

Тој, исто така, потенцира дека ако се работи за хибридни напади – иако лично не верува во тоа – се поставува прашањето зошто владата не презела мерки за отпорност и одбрана од хибридни напади. 

„Но и да му веруваме дека се хибридни напади (во што воопшто не верувам), тогаш се поставува повторно прашањето за улогата на владата и зошто не презела мерки за подготовка на државата и особено населението за отпорност и одбрана од хибридни напади“, тврди нашиот соговорник за ЦИВИЛ Медиа. 

Според проф. Андонов, Мицкоски се служи со пропаганда и ништо повеќе, со цел да ги спаси своите позиции во пресрет на изборите. Тој потсети дека во ексклузивниот текст за ЦИВИЛ Медиа посветен на хибридното војување го изнесе тврдењето дека „оваа влада ја направи земјава прокси држава за руски хибридни закани кон НАТО и ЕУ“.

„Политикантските коментари дека се работи за хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда заради негов спас на изборите. Инаку, претходно напишав за ЦИВИЛ Медиа дека оваа влада ја направи земјава прокси држава за руски хибридни закани кон НАТО и ЕУ“, заклучува проф. Андонов во преписката со ЦИВИЛ Медиа. 

Во текот на денот, ЦИВИЛ го покани проф. Андонов на видео интервју во кое стана збор за низа актуелни теми поврзани со политиката, безбедноста и геополитичките процеси. 

РЦМ

 

Share52Tweet33Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ