ЦИВИЛ – Центар за слобода утре на платото пред Универзитетот на ЈИЕ на влезот во скопската Стара чаршија, ќе организира јавен настан за промоција на граѓанското новинарство кое зема сè поголем замав во светот и во земјата.
На настанот што ќе започне во 19 часот, преку музика, разговор и видео-проекции ќе се презентира граѓанското новинарство, како нов и иновативен начин во борбата за слобода на информирање и известување.
Тимот на ЦИВИЛ на јавниот настан ќе биде достапен за сите прашања на присутните, а воедно ќе можат да се запознаат со условите за учество во наградните циклуси за граѓанско новинарство, но и одблиску да се запознаат со активностите на ЦИВИЛ во проектот „Граѓански објектив“.
ЦИВИЛ ги поканува сите заинтересирани грѓанки и граѓани да земат активно учество во креирање на политичките и општествените промени на локално и централно ниво.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб-страницатa www.clp.mk.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.