Васко Атанасоски, со два концерта на 23 и 24 март, ќе го промовира својот албум „Пази куче“, во Кинотека на Македонија.
„Пази куче“ е првиот соло албум на Атанасоски, кој излезе во октомври 2017 година, на Geenger Records од Хрватска, заедно со Balkan Veliki Балкан Велики, издавачката куќа на Атанасоски.
Влезниците за концертот во претпродажба се 200 денари, и со нив следува подарок ЦД од „Сиромашни и богати“ на ХАХАХА, а истите на врата во Кинотека ќе чинат 300 денари.
А.П.