„Русија, не ја допирај Украина! Шест лица развиорија транспаренти против инвазијата во центарот на Москва. Полицијата што ги чекаше веднаш ги уапси. Твитер налогот под името Алек Лун.
"Russia don't touch Ukraine!" 6 people unfurled banners against invasion in downtown Moscow. Waiting police immediately arrested them pic.twitter.com/DsUYqYDnXP
— Alec Luhn (@ASLuhn) February 20, 2022
Уште на еден Твитер налог, под името Михаел Ходорковски, кој се поврзува со поранешниот руски бизнисмен , кој сега е во егзил во Лондон, поради несогласување со путиновата политика, беше објавена содржина од антивоени протести на граѓанки и граѓани против можната руска агресија врз Украина, кои се собраа да протестираат на плоштадот Пушкин, во центарот на Москва.
На овој Твитер налог е објавена и информацијата дека Михаил Кригер, кој денеска протестираше на плоштадот Пушкин, ќе биде задржан во полиција во текот на ноќта како организатор на антивоениот протест. Од протестирачите , уште Михаил Удимов кој еобвинет за непослушност кон полицијата, и Ана Кречетова , која го повтори прекршокот, се задржани од полицијата, останатите демонстранти се ослободени.
Твитер налогот Михаел Ходорковски уште објавува и дека активистите за човекови права, Лев Пономарјов и Јуриј Самодуров биле приведени во Москва откако одржале одделен протест на плоштадот Пушкин против војната во Украина.
„Русија, не ја допирајте Украина“
Инаку, на руските медиуми не можеа да се најда информации за настанот.
Д.Мишев