• Latest

Протест на филмските работници, Министерството смирува…

December 15, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Протест на филмските работници, Министерството смирува…

December 15, 2017 14:11
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмските работници од Македонија денеска протестираа пред Министерството за култура. Тие реагираат на одлуката на Министерството за кратење на буџетските средства за филмската дејност во предлог-буџетот за 2018 година.

Педесетина филмски работници застанаа зад писмото што го прочитаа пред Министерството, во кое најавија дека македонскиот филм за 2018 ќе добие четири отсто помалку средства од лани.

„Со ова писмо, ние, филмските професионалци од Македонија, независни филмски автори и продуценти и слободни филмски работници го изразуваме нашиот револт кон одлуката на Министерството за култура во предлог-буџетот за 2018 година да направи кратење на средствата наменети за филм, и тоа во времето кога во целиот свет, а особено во Европската Унија, буџетите за филм постојано се зголемуваат. Нашата филмска продукција е во развој. Ние сме свесни дека и меѓу нас има дела кои се промашувања, како и заталкани поединци и профитери, особено во последните десет години, но има и автори, кои се претставуваат на најпрестижните филмски фестивали. Кратењето на средствата за филм во време кога државниот буџет се зголемува е директен удар за нашата, и онака кревка филмска продукција. Аргументите дека и со помалку пари се прават добри филмови се точни, но како исклучок. Аргументите дека пари се давале, а се правеле лоши филмови се исто така точни, но важат за други времиња, кога тие се даваа со политичка одлука, а токму против тоа голем дел од нас се бореа. Затоа, најљубезно ве молиме и од вас очекуваме да ја преиспитате оваа одлука“, стои во писмото на филмските работници.

На крајот присутните побараа средба на нивни претставници, претставници на агенцијата за филм, министерот за култура и сите релевантни политички чинители за наоѓање на „заеднички јазик за доброто на македонскиот филм“.

На присутните им се придружи советникот од Минстерството за култура, Петрит Сарачини, кој го поздрави протестот.

„Не сме на различни страни. Навистина ми е мило што по долги години молк се случи еден ваков протест. Вашите желби се заеднички и Министерството ќе ве поддржи во вашите барања за достоинствена работа“, одговори Сарачини.

Од Министерството потврдија средба со филмските работници, која ќе се одржи во понеделник, а во меѓувреме испратија и соопштение во јавноста.

„Средствата одвоени за Агенцијата и за филмската дејност се проектирани за да ги задоволат потребите на филмските работници во земјата. Вистина е дека годинава Агенцијата доби помалку средства од претходната, но исто така треба да имаме предвид дека токму преку буџетот на Агенцијата во минатото се реализираа проекти и дела кои спроведуваа партиска и политичка пропаганда, а не уметнички дела, како и дека преку нив се прекршуваа законите и се правеа злоупотреби“, стои во соопштението.

Од Министерството информираат дека се подготвени доколку добијат квалитетни проекти да најдат средства и преку пренамена, како и преку ребаланс на буџетот да ги помогнат и поддржат истите.

„Наша намера не е да се одделат средства и тие да лежат непродуктивно на сметки на институциите, туку да се трошат според бараната динамика на проекти кои се во интерес на граѓаните. Доколку филмските работници предложат и донесат такви проекти, ние со задоволство ќе ги поддржиме и подготвени сме во таа смисла и да го зголемиме буџетот“, се вели во соопштението.

М.И.

 

Tags: Министерство за култураПетрит СарачиниПротестфилм
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ