Претседателот на бугарскиот Парламент, Димитар Главчев денеска поднесе оставка. Со таквиот потег Главчев сака да даде пример за враќање на парламентаризмот.
Бугарската Социјалистичка партија и Движењето за права и слободи вчера побараа Главчев да ја напушти функцијата, поднесувајќи 88 потписи за негово разрешување. При поднесувањето на барањето за оставка, тие најавија дека нема да учествуваат во работата на парламентот се додека Главчев не замине од функцијата.
Оставката беше побарана откако тој во средата ја отстрани од седница претседателката на БСП Корнелија Нинова.
Се очекува пратениците во бугарскиот Парламент денеска да изберат нов претседател.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.