Според резултатите од претседателските избори во Франција што се одржаа во неделата на 23 април, во вториот круг влегуваат центристот Емануел Макрон и претседателката на партијата на екстремната десница Национален фронт (ФН), Марин ле Пен.
Според 89,7% од изброените гласови, Макрон освои 23,7 % од гласовите, а Марин Ле Пен 21,9%.
На трето место е кандидатот на десниот центар, конзервативецот Франсоа Фијон, со 19,96 %, по што следува кандидатот на левицата, Жан-Лук Меленшон, со 19,49 проценти.
По објавувањето на резултатите, Макрон им се обрати на Французите кои славеа низ државата. Тој изјави дека и кон вториот изборен круг гледа со оптимизам.
„Сакам по две недели да станам вашиот претседател, претседател на целиот француски народ , претседател на патриоти под заканата од националистите”, изјави Макрон.
Второпласираната Марин Ле Пен, го поздрави „историскиот резултат“ на нејзината партија во првиот круг од изборите.
„Тоа ми доверува огромна одговорност да ја заштитам француската нација, нејзиното единство, нејзината безбедност, култура… Опстанокот на Франција е ставен на маса. Време е да го ослободиме францускиот народ од арогантните елити“, изјави Ле Пен.