Тим на „Тесла“, составен од Хрватите, Саша Цветојевиќ и Олег Маштруко и Чехот, Томас Конвичик првпат во историјата минаа преку Сахара со електричен автомобил „Модел Икс“, со што се кандидираа за Гинисовата книга на рекорди.
Нивниот подвиг траеше 16 дена во рамки на релито Будимпешта – Бамако.
Според нашите сознанија, ниеден електричен автомобил пред нас не ја минал Сахара. Не тврдиме дека нашите податоци се точни, ниту пак, е тоа нужно пресудно, но го пријавивме овој проект за Гинисовата книга на рекорди, па ќе ги видиме резултатите. Имаме фотографии, ГПС траги и потписи на сведоци, изјави Цветојевиќ за „Т-портал“.
Возачите при подвигот се соочиле со неколку пречки, како што се недостиг од електрична енергија, заринкување во песок и оштетување на гумите и фелните на помошното возило „Дачија“.
Извор: МИА