Во Словенија, од вчера, на сила стапи нов закон за хомосексуалците во земјата, со што им се дозволи да стапуваат во брак и да имаат исти права како и хетеросексуалците.
Директорката на матичната служба во Марибор, Ксенија Клампфер за медиумите изјави дека првиот хомосексуален брак ќе се одржи денес во Марибор.
„Ние веруваме дека таквите бракови се важен чекор за формирање на инклузивно општество, во кое луѓето ќе имаат еднакви права“, изјави Клампфер.
Законот кој беше усвоен пред десет месеци, стапи на сила вчера, но не го вклучува и правото на геј паровите да посвојуваат деца. Ваквиот предлог за посвојување беше отфрлен на референдум во декември 2015 година.
ЛГБТ здруженијата во Словенија велат дека ќе продолжат да се залагаат за целосна еднаквост на хетеросексуалните и хомосексуалните парови.
Од 2006 година хомосексуалните двојки во Словенија имаат можност да ја регистрираат својата врска, како и да посвојуваат деца од претходните врски на партнерот, но не и туѓи деца.