• Latest

Првомајски проглас на потписниците на Повелбата за солидарност

May 2, 2016

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Првомајски проглас на потписниците на Повелбата за солидарност

May 2, 2016 09:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на работничките права, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права испратија Првомајски проглас до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија. Го пренесуваме во целост.

protest 2 maj 2016

Постојаното погазување на правата и достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме. Заедно да го кренеме гласот на протестен марш!

Се обединуваме во борбата за остварување на следниве заеднички цели:

• донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор, преку:

– ослободување на правото на штрајк, бидејќи, преку спорни одредби во актуелните закони, на работниците им е отежната борбата за своите права преку штрајкови;

– нормализирање на процесот за регистрација на синдикатите и синдикалните организации согласно одредбите на Конвенциите 87 и 96 на Меѓународната организација на трудот (МОТ);

• итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници согласно Уставот и законите на РМ, како и конвенциите потпишани од страна на државата;

• промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос;

• повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор – два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор;

– со повлекувањето на горенаведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина

• повлекување на Законот за културата и на подзаконските акти донесени врз основа на истиот;

– со повлекувањето на горенаведениот закон, бараме враќање на Законот за култура од 1998 и отпочнување преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во културата;

• повлекување на сите измени и дополнувања на Законот за високо образование од 2008 година до денес, сè до донесувањето нов ЗВО во кој ќе се обезбеди потполно почитување на правото на автономија на Универзитетот, квалитетен и одржлив развој на вискообразованата дејност, како и изземање на јавните високообразовни установи од системот на трезорско финансирање.

• законско регулирање на партиципативно студентско организирање и демократска студентска репрезентација во високообразовните установи;

• повлекување на сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година до денес и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени

– враќање на оригиналниот текст на ЗНР од 2006 година во сила, со единствена цел за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика;

• донесување нов Закон за медиумите кој ќе биде прифатлив за новинарите и медиумските работници и регулирање на платите и останатите права преку законска рамка (односно Колективен договор изготвен од ССНМ)

• вклучување на сите грански синдикати во процесот на социјален дијалог на би- и три-партитно преговарање

• отпочнување со инклузивен процес на преговарање за нови Општи колективни договори за вработените во приватниот и во јавниот сектор;

• потпишување Колективни договори за сите гранки и дејности кои ќе ја отсликаат вистинската слика на борбата за подобри работнички права во Република Македонија.

Повикуваме на здруженост во борбата за поголеми права и подобри услови за работа. Веруваме дека само преку соработка и работничка и синдикална солидарност можеме да се спротивставиме на притисокот на актуелните антиекономски и антисоцијални политики.

Потписници на Повелбата за солидарност:
Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ, Движење за социјална правда ЛЕНКА, Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС) и Младинска организација МУГРА


Во текот на вчерашниот ден, и ЦИВИЛ до јавноста испрати сооштение во кое уште еднаш јасно и гласно укажа на растечката сиромаштија, газењето на работничките права и неславната улога на синдикатите и повика на солидарност.

Tags: 1 МајМакедонијаПротестработнички правасиндикатиСКОПЈЕЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ