• Latest

Песимизам на граѓаните: Македонија нема држава – пријател во светот!

February 16, 2017

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Песимизам на граѓаните: Македонија нема држава – пријател во светот!

February 16, 2017 12:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси половина од граѓан(к)ите (45,2%), сметаат дека ниту една држава во светот не е најпријателски наклонета кон Македонија. Ова песимистичко расположение го покажа последната анкета на М-Проспект, која има за цел да го испита ставот по однос на прашања поврзани со односот на останатите земји кон Македонија.

Анкета, 2017

На прашањето – Која земја во светот е најпријателски наклонета кон Македонија? – во одговорите има разлики по етничка основа.  Македонците се поголеми песимисти, односно дури 49,8% сметаат дека ниту една земја не ѝе пријател на Македонија, а кај Албанците тој процент изнесува 36%.

Доколку се направи споредба со расположението на граѓан(к)ите по ова прашање во 2013-та година, може да се забележи дека скептицизмот во Македонија по однос на пријателскиот однос на останатите држави, значително пораснал. Анкетата спроведена во 2013-та година покажала дека само 15,6% сметаат дека ниту една земја е најпријателски наклонета кон Македонија.

Од оние кои сметаат дека Македонија има пријатели, најголем дел се произнеле за Турција – 14,1%. Во Русија пријател на Македонија гледаат 10% од анкетираните, а во САД – 6,6 %.

Разлика во одговорите, споредено до 2013-та година, има и по ова прашање. Тогаш, на првите три места биле Турција (16 %), Србија (12,2 %) и САД (8,2%). Русија во 2013-та година анкетираните граѓани ја поставиле на деветто место, што е за седум позиции полошо од годинава.

Анкета, 2013

Последната анкета покажа и дека повеќе од половината од граѓаните сметаат дека  ЕУ и САД треба да ја остават Македонија сама да се справи со политичката криза.

Кога е во прашање ЕУ, 52,8% сметаат дека таа треба да ја остави Македонија сама да ја реши кризата,  а 45,3%  се на став дека ЕУ треба повеќе да се ангажира. Отпорноста е поголема кон вклучувањето на САД. 57%  сметаат дека САД треба да ја остават Македонија сама да ја реши политичката криза, додека 38,8% мислат дека САД повеќе треба да се инволвираат.

Телефонската анкета е спроведена на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, од 4-ти до 10-ти февруари.

Tags: анкетаЕУјавно мислењеМ-Проспектнајпријателска државаРусијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ