• Latest
Добро утро со Орданоски

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

January 17, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

January 17, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако и многу новинари од Балканот, го познавав Оливер Ивановиќ речиси две децении. Се гледавме на Косово и во Скопје, а и овде-онде по разни европски конференциски локации, каде што се разговараше за Балканот, за безбедноста, за меѓуетничките односи… Секогаш сум мислел дека е едноставен, многу интелигентен, директен и искрен соговорник. Албанскиот му беше исто толку добар колку и српскиот, лесно ја стекнуваше довербата на публиката пред која зборуваше, без многу политички маневри и кружење околу темата.

Како и повеќето на Балканот, во политиката се вклучи од мака, уште кон крајот на деведесеттите, во одбрана на Србите на Косово. Стана влијателен и почитуван, еден од клучните играчи и глас на умереност во косовската политика, што му произведе разни непријатели и во сопствената заедница. Прегрми многу нешта преку глава, од на два пати бомби под колите, до обвиненија и 12 месеци притвор за наводно извршени воени злосторства во кои беа убиени триесетина Албанци на северот од Косово, иако целиот случај не доживеа конечна судска разрешница.

Оливер Ивановиќ го ликвидираа вчера изутрина, во 8 и 17 часот, со пет куршуми од „долга деветка“ со придушувач, испукани во горниот дел од градниот кош, пред влезот на својата канцеларија во Косовска Митровица. Убиецот, очигледно професионалец, после успешниот атентат, мирно седнал во автомобил и се упатил во непознат правец.

А, потоа, нешто подоцна во вчерашниот ден, по повод погибијата на Ивановиќ, ја гледав прес-конференцијата на српскиот претседател Вучиќ: како и секогаш, арогантен и дрзок кон новинарите, со многу алузии низ стегнати заби кон американскиот амбасадор и властите на Косово, со закани и навреди кон политичките противници во Србија и ветувања дека правдата ќе ги стигне сторителите (во множина) на овој терористички чин; но, Вучиќ беше и видливо нервозен, бидејќи половина Белград, особено оние во опозиција на српскиот претседател, мисли дека зад ликвидацијата на Ивановиќ, или барем зад нејзината нарачка, стои политичкото подземје во Србија, блиско до сегашната тамошна власт. Вучиќ не пропушти, во неколку наврати, да вети дека убиството ќе биде до крај расветлено, без разлика кои се инспираторите и извршителот на атентатот.

Убиството на Оливер Ивановиќ уште еднаш нѐ потсетува за кревкоста на западно-балканскиот мир во кој не знаете кој следен инцидент има потенцијал да се прелее преку некоја државна граница. Неколку крупни проекти уште не се завршени: судбината на Босна и косовско-српските односи, како и дефинитивното затворање на евро-атлантската перспектива на македонското државно прашање. Можеби овој „незавршен мир“ сега е доволно „испумпан“ од својот историски експлозивен потенцијал, но „врзаноста на садовите“ е сѐ уште доволно голема, што секое заигрување на некоја мечка во соседството, и овде ги вади злонамерните дајриња од таван, за да се фати ритамот на регионалната нестабилност.

Не би сакал да звучи заканувачки, но овие околности треба да се имаат на ум кога и деновиве јавно, со подигнат тон и многу омраза, се дебатира за внатрешната и надворешната политика на земјава.

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш: или ќе бидеме уплашени за сопствените одлуки, или ќе се плашиме од одлуките што други ќе ги носат за нас.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Александар ВучиќатентатКосовокриминално подземјеМитровицаОливер Ивановиќстабилносттероризам
Share171TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ