• Latest
Добро утро со Орданоски

Пуч во ВМРО-ДПМНЕ?

October 22, 2018
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Пуч во ВМРО-ДПМНЕ?

October 22, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Р[/dropcap]ечиси не поминаа ни 24 часа од изгласувањето на почетокот на процедурата за уставните промени, а ВМРО-ДПМНЕ беше зафатено од внатрепартиска бура што се заканува да помине во ураган!

Се јавија сите бајачки и партиски наречници со фаталистички преданија (меѓу другите, една занимлива колекција од универзитетски професорки со разнишани идеолошки либида, што доведе до низа јавно изјавени глупости со шизофрен импакт фактор); плачливите крици од некогаш моќното пропагандистичко криминално подземје делуваат како врз нив да се затвора дебела бетонска плоча што, своевремено, ја беа намениле за други; поапсените „патриоти“ кои беа подготвени за потребите на власта да убиваат, сега нудат маслинови гранчиња како наместо качулки, да носеле „сини шлемови“ од платниот список на Гутереш; една армија дезориентирани партиски послушници, останати без оглав и остен, талкаат на Фејсбук во потрага по некое ново налудничаво туѓо јас (има еден Апасиев, тој таман ќе ви земе мерка!) што ќе им каже во која следна провалија треба да рипнат; а една особена колекција на пратенички и функционерски гадинки (ова, во немање на поточен квалификатив), кои со години го аминуваа и со ентузијазам учествуваа во разнебитувањето на македонската демократија и правниот систем, сега бладаат против „режимот“, „диктатурата“, „хунтата“, бидејќи добар дел од нив се свесни дека за нив никој нема да се пазари…

(Дигресија: Овие, смотаниве од СДСМ, кога навистина би биле способни да воспостават режим и диктатура, да немате сомневање, ќе бидат славени од истите овие кои сега „сечат вени“ по слобода и правда!)

Од страна гледајќи, мислам дека полека се исцртува хоризонтот на силите во внатрепартиската „граѓанска војна“ што е започната во ВМРО-ДПМНЕ и во трката за тоа кој да биде побрз во обидот за пуч против другите…

Во ваков контекст, долгогодишното владејачко алтер его на Никола Груевски, Сашо Мијалков – од кого во партијата десетина години добиваа неконтролиран пролив кога само ќе му се спомнеше името, а сè уште се плашат јасно да кажат за што, всушност, сега го обвинуваат? – ќе биде прогласен за главен виновник за распадот на партијата. Самиот Груевски (чие име чудесно го нема во партиските соопштенија и катиљ-фермани, иако е тој во суштината на оваа партиска психо-драма!) е на пат да стане типичен вмровски народен херој-кабадахија, по кого ќе се крсти новиот булевар до Идризово, кога партијата ќе се врати на власт. Христијан Мицкоски, транзицискиот лабораториски експеримент на Фамилијата, е во несмасен обид да се востоличи за херој-спасител на „стариот углед“ (?!) на партијата. Сите кои бараат западни демократски вредности и понатаму се „предавници“. Обвинетите за тероризам и бројни други кривични дела се невини жртви на „хунтата на Заев“, за чие спасување партијата не е подготвена да се пазари, бидејќи со терористи не се преговара. На Исток се раѓа новото сонце на слободата, а на Запад е најтемно пред изгревање…

Тотална папазјанија. Тотална.

Објективно, оваа состојба е резултат на одбивањето на новото раководство на партијата, на чело со Мицкоски, да се дистанцира од злосторствата, недемократските методи, но и банкротираната идеологија на старото партиско раководство. (А на Груевски, на пример, за да го зацврсти својот апсолутизам, не му требаше многу време да почне Љубчо Георгиевски да го третира како заразен од лепра…)

Бидејќи го прифати „континуитетот“, Мицкоски со широко затворени очи влезе во тој комплексен систем на пазарења „на сите четири страни“, а бидејќи е неискусен и тврдоглав, за кусо време политички издиша. Добронамерно и од сите страни „подадените раце“ арогантно ги одби, што кулминираше со конфузијата во неговиот и во партискиот став околу референдумот. Дополнително, се „дозакопа“ со погрешната интерпретација на референдумскиот резултат и, што е непростливо, погрешно ја процени решеноста на западните сојузници Македонија евро-атлантски да ја интегрираат во поцивилизираниот свет од нашиот.

На крајот, за целата оваа франкештајн-стратегија целосно да се распадне, беше доволна една христијански немушта (типична) изјава на Заев за меѓупартиско простување. За која сè уште никој жив – веројатно ни самиот Заев – не знае што, точно, треба да значи.

Сега ВМРО-ДПМНЕ е доведена до нешто што е најблиску до тоа да биде конфузна копија на Шин Фејн во Република Северна Македонија, политичко крило на разни будалетинки кои повикуваат дека „борбата продолжува“. Продолжува, ама внатре, во партијата.

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: ВМРО-ДПМНЕНикола ГруевскипучСашо МијалковХристијан Мицкоски
Share738TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ