Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во моментов се наоѓа во Брисел каде што замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталанската влада.
Тој и четворица министри се предадоа во Белгија и беа ослободени еден ден подоцна.
– Третиран како криминалец, педофил, сериски убиец… Тоа е злоставување. Ова е користење на судовите за политички цели. Тоа е закана, бидејќи за делото за кое сум обвинет, може да ме затворат зад решетки до 30 години. Тоа е лудо. Тоа не е правда, тоа е одмазда, изјави тој за „Скај њуз“.
– Јас не сум бунтовник. Немам дух како бунтовниците, ниту сакам да бидам еден од нив. Јас сум многу дисциплиниран, само сакам да го направам тоа што го одобри мојот парламент. Тоае многу нормално, нема ништо бунтовно во тоа, додаде тој.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.