Пред две години, на контра-протестот на 18 мај, имаше повеке руски знамиња од партиски знамиња на ВМРО-ДПМНЕ, а ФБ-страниците и „куртонските“ портали, беа преполни со фотки од Путин… По само две години, Трамп како да е светец-спасител, го молат да ја спаси Македонија, поточно, да ѝ ги зголеми димензиите, или да измисли „временска машина“ и да ги врати во времето на Големиот Александар… Верувам дека утре да слетаати вонземјани, тие ќе излезат со тези дека еве, конечно, се појавил некој кој ќе го спаси Груевски!
И, секако, сега други фотографии небаре се икони, се постираат по ФБ, па бидејки Трамп не лета со авион, не знае џудо и не е близок со животните, најчесто се споделува тој и неговата манекенка, како пример за едно идилично семејство што ги негува традиционалните православни(?!) вредности… А, згора на сето тоа, на цел глас се пишти, дека Македонија треба да биде поштедена од интервенција и туторство однадвор?!
Ова зачудува. Но, и не толку… Оти, во нашиот народ се вели: „Давеникот и за сламка се фаќа“, а шизофреноста и контрадикторноста на изјавите на криминалната организација, веќе со години се наше секојдневние!
И најдобро е да ги оставиме да прават „свадба без тапани“ и понатаму!
Оти, верувам дека утре да слетаат и вонземјани, тие ќе излезат со тези дека еве, конечно, се појавил некој кој ќе го спаси Груевски!
Едно време, се надевав дека во оваа партија има минимум демократски капацитет и чесност, и дека чесните од оваа партија (за жал, сега морам да констатирам – ако такви, воопшто, има), ќе сфатат дека единствен спас за Македонија а и за нивната партија, е – злосторниците, апашите и крвниците, предводени од „Гујо и Змијалков“, кои во заложништво ги држат и нив и нас, и отворено работат на закрвување и распаѓање на Македонија, што побргу да бидат осудени за своите злодела и заминат на дебело заслужената долгогодишна робија.
Значи, вака, нормално е да се очекува дека Трамп ќе има поинаква политика од Обама, но малоумно е да се мисли дека Трамп, или било кој друг, би застанал во заштита на диктатор, човек кој од сопствениот народ украл 8 милијарди евра, кој постојано работи на уназадување на човековите права и слободи, и на крај, кој е политичар што ќе биде запаметен по најголемиот обем на злоупотреба на прислушување на своите противници, но и на своите најблиски соработници…
Значи. како заклучок (и, ако и децата читаат ФБ) порачувам, како и да ја вртите, на која страна од светот да се нудите и да се тртите, сепак – #ШуткаНеТиБегаНикола. Ни на тебе, ни на лешперите и чанколизците, кои си ги собрал околу себе како некаков „жив ѕид“ за заштита!