• Latest

Рама: Треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес за да ја вратиме неговата функционалност

July 6, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рама: Треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес за да ја вратиме неговата функционалност

July 6, 2023 14:28
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес. Се наоѓаме во момент на стапување во друга фаза на односите со ЕУ, за кои овој процес е клучен. Посакувам Отворен Балкан да го ставам на страна од Балканскиот процес, но кој не бил приклучен кон таа иницијатива погрешил, порача албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање кусо да одговори дали ќе продолжи да ја поддржува иницијативата Отворен Балкан, Рама рече дека „не се работи за живот или смрт“, бидејќи станува збор за една од 72-те иницијативи во ЈИЕ, која донесе фантастични придобивки во реалноста на луѓето, за да тргуваат за да се движат слободно, но без да одоговри конкретно.

-Ние треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес за да го вратиме Берлинскиот процес во еден функционален процес целосно, како што покажа и Отворен Балкан дека ние можеме да бидеме функционални кога сме заедно и сплотени. Берлинскиот процес не застана поради тие што го основаа Отворен Балкан. Забележа застој, затоа што од не потпишувам, или ќе се видиме утре, задутре, затоа забележа застој. Ќе му дадеме на Берлинскиот процес нов поттик. Се надевам дека ќе го претвориме во еден процес директно поврзан со планот за финансирање на ЕУ. Германија неопходно ни треба во прв ред и сите други земји, за заедно да го оживееме. Ние сме во еден момент на стапување во друга фаза на односите со ЕУ и за ова Берлинскиот процес е клучен. Тој е мост чии столбови треба да се зајакнат и потребно е да се фокусираме на тој мост, без да се вознемуруваме од разни струења, или ветрови, Отворен Балкан или други нешта. Велам да се фокусираме на Берлинскиот процес. Животот е убав бидејќи секој може да ја пее својата песна во услови на слобода и демократија. Кој смета дека Отворен Балкан потфрлил нека ја испее песната за крајот на Отворен Балкан, кој го поддржува нека продолжи да го поддржува, вели Рама.

Отворен Балкан беше во полза на овој регион. Илјада пати да се навратам, 1000 пати ќе го следам истиот пат. Тој не е никаква грешка, рече, меѓу другото, албанскиот премиер, нагласувајќи дека Отворен Балкан не е иницијатива која исклучува, и посочи на придобивките.

-Видете ги трговските бројки меѓу земјите, и никогаш не заборавајте тоа што е направено. Напротив и служеше и на Берлинскиот процес кој е чадор, процес на кој сакам да се фокусирам сто проценти. Не разбирам како се уште има сомнеж за ова кога фактите се јасни, потенцира Рама и порача дека Рама дека не треба да се биде против поради некакви историски причини или некогашни крвопролевања во регионот.

Албанскиот премиер во неговиот воведен дел ги оцени денешните разговори во Скопје како многу конструктивни и дека се потврда за суштинска согласност околу бројни прашања.

Тој се осврна на европските интеграции низ кои заедно минаа двете земји кои одреден период, вели, биле третирани како трети земји, но денес состојбата е подобрена.

-Добрата вест е дека ЕК работи во таа насока и во Тирана ќе имаме состанок на кој сте поканети и вие како држава. Ние треба да дадеме придонес кон потребата од ЕУ да бидеме рамноправна членка. Албанија, Македонија и Црна Гора се членки на НАТО во еден регион кој не е спокоен и во рамки на кој и тоа како имаме потреба од разбирање, комуникација и меѓусебна соработка и со земјите од регионот кои не се членки на НАТО, рече Рама.

Од Скопје кое прва станица на неговата балканска турнеја во рамки на подготовските за самитот на Берлинскиот процес во октомври во Тирана, Рама замина за Пришина. Во рамки на регионалната турнеја ќе ги посети и Белград, Сараево и Подгорица.

Албанскиот премиер Еди Рама, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски во Скопје, дали во Приштина ќе се сретне со премиерот на Косово Албин Курти, кажа дека „се уште има надеж оти Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома“.

-Се надевам дека Албин не заборавил на канонот дека на било кој да ти дојде дома, му се отвора врата и забрането е да го извадите од домот, кажа Рама одговарајќи на новинарско прашање.

Рама утрово пред да пристигне во Скопје објави дека се потпишани 13 договори од седницата на владите на Албанија и Косово и се доставени до Министерството за надворешни работи на Косово. Рама во објава на Твитер посочува дека по потпишувањето на договорот очекува потврда од премиерот Албин Курти за средбата.

 

Tags: КуртиРама
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ