• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Расне загриженоста за безбедноста во ЕУ додека Србија продолжува да издава државјанства на Руси по забрзана постапка

September 6, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Падна француската влада откако пратениците гласаат за разрешување на премиерот Бајру

September 8, 2025
Фото: АА/Фејсбук

(ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

September 8, 2025
Фото: Амбасада на САД/Фејсбук

Честитка од Амбасада на САД и државниот секретар Марко Рубио за Денот на независноста: Го цениме цврстото партнерство во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност

September 8, 2025
Буча. Фото: Твитер

Украина нападна воена единица во Русија обвинета за воени злосторства во предградијата на Кијив, Буча и Ирпин

September 8, 2025
Фото: Еврокомесарката Марта Кос / Х

Еврокомесарката Марта Кос со честитка за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта со честитка за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Расне загриженоста за безбедноста во ЕУ додека Србија продолжува да издава државјанства на Руси по забрзана постапка

Србија го ризикува својот безвизен режим поради големиот број Руси на кои Србија им издава државјанство според олеснети правила, а потоа влегуваат во Шенген зоната без потреба да добијат виза

September 6, 2023 11:31
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата на Европската унија уште еднаш изрази загриженост поради тоа што Србија им дава државјанство на државјани на Русија преку забрзана постапка.

Земајќи го предвид големиот број Руси на кои Србија им дава државјанство според олеснети правила, а потоа влегуваат во Шенген зоната без потреба да добијат виза, Комисијата изрази загриженост за потенцијалните безбедносни ризици во блокот, се вели во извештајот што го објави SchengenVisaInfo.com .

Коментирајќи по ова прашање, портпаролот на Комисијата на ЕУ за Радио Слободна Европа истакна дека Србија треба да ја усогласи својата визна политика и да не издава државјанства на Русите преку забрзана процедура.

Понатаму, портпаролот рече дека Србија како земја-кандидат треба да одржува построги правила против Русија и во исто време нагласи дека властите во ЕУ во моментов внимателно ја следат ситуацијата.

„Европската комисија е свесна за големиот број руски граѓани кои се населиле во Србија по руската агресија врз Украина. Како земја кандидат, се очекува Србија постепено да се прилагодува на политиките и одлуките на Европската унија. Комисијата внимателно ја следи ситуацијата и разменува информации со српските власти во врска со присуството на руски државјани во Србија“, се вели во соопштението на портпаролот.

Сепак, портпаролите не открија какви мерки се очекува да преземе Комисијата во случај Србија да продолжи да издава државјанства на Руси по забрзана процедура и да не ја усогласи својата визна политика, како и да ги заостри своите правила.

Ова не е првпат ЕУ да ја изразува својата загриженост за олеснетиот режим на издавање државјанства во Србија. Претходно, во мај оваа година, Комисијата соопшти дека е загрижена поради тоа што Србија дава државјанства на државјани на други земји според поедноставени правила.

Тогаш, портпаролот на Европската комисија рече дека Србија го ризикува својот безвизен режим бидејќи се зголемил бројот на државјани на трети земји кои добиваат државјанства, а потоа влегуваат безвизно во земјите на ЕУ.

„Србија направи важен чекор во приспособувањето на визниот режим кон оној на ЕУ. Комисијата ја охрабрува Србија да продолжи со напорите во оваа насока за да има целосна адаптација“, нагласи портпаролот уште во мај.

Покрај горенаведеното, земјите од ЕУ се пожалија и на зголемен број нерегуларни мигранти кои стигнуваат до блокот преку Србија. Тие рекоа дека значително е зголемен бројот на нередовни пристигнувања од земјите за кои Србија ги укина визите.

Поради оваа причина, ЕУ постојано бара од земјата да наметне построги правила за сите.

Нацрт-законот поднесен од владата во Белград во април прецизираше дека една година привремен престој ќе биде доволна за да им се овозможи на странските државјани кои работеле во локални компании или биле самовработени да добијат српски пасош. Според предходниот закон, странците требаше да живеат во Србија најмалку пет години пред да аплицираат за државјанство, објави Financial times.

Европската комисија предупреди дека го надгледува безвизниот режим на Белград „со цел да ги спречи и ублажи можните безбедносни ризици за ЕУ“.

„Во случај да се смета дека давањето државјанство според шемите за државјанство на инвеститори претставува зголемен ризик за внатрешната безбедност и јавната политика на земјите-членки, безвизниот режим може да биде суспендиран“, се вели во соопштението на Комисијата испратено по е-пошта. Се додава дека минатата година му дала „јасни препораки“ на Белград „ефикасно да се укине или да се воздржи од усвојување шеми за државјанство на инвеститорите“.

Во текот на изминатата година, Брисел безуспешно се обидуваше да изврши притисок врз Белград да го усвои режимот на санкции против Русија, да ги забрани директните летови од земјата и да ги запре руските компании и поединци кои сакаат да ги избегнат забраните за патување од Запад и замрзнувањето на имотот.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДржавјанствоЕУпасошиРусијаСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ