• Latest
Добро утро со Орданоски

Расприкажаниот, а сепак осамен, руски амбасадор во Скопје

March 10, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Расприкажаниот, а сепак осамен, руски амбасадор во Скопје

Во едно интервју, ни заштеди господинот Баздникин барем една недела конзумирање на Раша Тудеј и Спутник

March 10, 2022 06:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Не мислев дека баш така ќе го извадам од такт „осамениот руски амбасадор во Скопје“, господинот Сергеј Баздникин – или дека барем ќе се случи таква коинциденција со мојата вчерашна колумна. До толку што, со напишани и потоа читани одговори на одличен македонски јазик, да мора ургентно да излезе во централниот дневник на ТВ Сител за елоквентно, по малку и возбудено, 25 минути да ја брани агресивната политика на својата држава кон Украина, а и кон целиот преостанат цивилизиран свет.

Од разговорот дознавме, се разбира, дека политиката на претседателот Путин е за сѐ во право, дека Украинците се главните виновници за руското зло што ги снајде, дека таму Русите ослободуваат, а не освојуваат, и дека Русите внимателно бираат цели за гаѓање и убивање, додека терористичките формации на украинската војска и нивната граѓанска одбрана се виновни за своите цивилни жртви и за разрушувањата на сопствената татковина. Амбасадорот констатира дека против Русија се води „информативен терор“ во светот (во што, претпоставувам, спаѓа и овој текст). Нормално, ни беше појаснето дека мора погрешно да сме запамтиле дека пред некој ден Путин се закани со употреба на нуклеарно оружје, туку дека тоа, всушност, го направиле НАТО и Бајден, Џо.

Во едно интервју, ни заштеди господинот Баздникин барем една недела конзумирање на Раша Тудеј и Спутник. И воопшто не погрешив кога вчера напишав дека се работи за искусен и интелигентен дипломат кој – за разлика од многу негови западни колеги кога овде даваат интервјуа – можете да го обвините за повеќе работи, но не и дека е здодевен. Макар и кога, по ред, си ги чита подготвените телевизиски одговори, од што со своите точни прашања не успеа да го „изремети“ ни колегата Кузмановски кој го водеше разговорот.

Па, сепак, беше по малку тажно да се гледа како врвниот руски претставник во земјава е ставен во ситуација јавно да го брани она што не може да се одбрани. Дури и на овдешните вљубеници во Путин („стотици обични македонски граѓани“ кои дневно испраќаат зборови на поддршка до Руската амбасада) им е јасно кој и што прави во Украина и за што е заслужен, само се во безнадежна потрага по аргументи како тоа да го рационализираат, некако да си го оправдаат. Тие уредно и одамна го мразат Западот, но вака бездушно и без очевиден повод и провокација да се разурнува европската „колевка на Русија“, Украина, тоа им е малку многу и за нивните одамна напатени, цинични души.

Таа мака се надева да ја адресира и амбасадорот Баздникин, бидејќи Русите споро напредуваат на фронтовите, а „информативната војна“ ја губат поубедливо и од досегашниот неуспех во руската „специјална воена операција во Украина“. Сега ќе мораат „специјално“ да го зголемат калибарот на топовите и ракетите со кои ги гаѓаат украинските градови, а се плашам дека ќе мора „специјално“ да го повторат „тепихот“ со срамнувањето со земја на Грозни и Алепо… Потоа, сепак, ќе треба да влезат и во не толку специјални улични борби со упорната, преживеана украинска одбрана.

Ништо добро од тоа нема да излезе за руската воена пропаганда и за руската надворешна политика – за вјек и вјеков! Не заборавајте: Киев е град со повеќе од 800 православни цркви со 919 ѕвона, од кои најстарите се од 11 век. Стотина-двесте години пред да се удри првата лопата во Москва.

Тажно, до зла Бога! И со и без вчерашното интервју на расприкажаниот, а сепак осамен, руски амбасадор во Скопје.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ