Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изутрината пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. Матис беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што замина во Владата на средба со премиерот Зоран Заев. По средбата предвидени се заеднички изјава за медиумите. Американскиот секретар за одбрана Матис минатата недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.
Пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, потенцирал дека Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД и дека и натаму ќе се залага за безбедноста, слободата и демократскиот напредок на регионот и активно ќе придонесува во заедничките активности во борбата против тероризмот и останатите закани на глобално ниво.
Поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров денеска рече дека ќе гласа на престојниот референдумот. Тој на денешната дебата на тема „Дебатираме за НАТО“ во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, со поддршка на МНР и амбасадата на Холандија, истакна дека кога партијата одлучила самите да донесат одлука, тогаш тој ќе излезе и ќе гласа.
„Македонија мора да е дел од НАТО и јас сакам да ја видам Македонија како дел од Алијансата. Во рамки на тоа е и мојот став. Јас го разгледав ставот на партијата во однос на референдумот и имам право да одлучам како сакам. Не излегувам од ставот на партијата, напротив сметам дека мојот став е во рамки на партискиот став. На овој референдум јас ќе излезам и ќе гласам „за“ ЕУ и НАТО, а „против“ договорот. Некој ќе рече нема такво прашање, јас ќе речам има. Се ми е јасно, јасен ми е контекстот, јасно ми е дека мораме да бидеме членка на НАТО, потоа и на ЕУ. Јасен ми е и регионалниот контекст“, рече Тодоров.
„Членството на Република Македонија во НАТО ја зацврстува нејзината безбедност и стабилност, не прави попредвидливи и носи многу инвестиции, а таа стабилност и основните постулати на демократијата, слободни медиуми, функционални институции не прави многу поподготвени за европскиот пат“, истакна Димитров.
Висока воена делегација на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј со прием кај началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски ја почна официјалната посета на Република Македонија.
Д. Муратов