• Latest

Ратификуван Договорот за добрососедство со Бугарија

January 15, 2018

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ратификуван Договорот за добрососедство со Бугарија

January 15, 2018 12:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 61 глас „за“ и еден воздржан Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Воздржан беше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој пред гласање најави дека ќе гласа воздржано.

Пред гласањето на денешната 30. седница, зборуваа пратениците Никица Корубин, Артан Груби и Ферид Мухиќ. На седницата не присуствува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и тие од БЕСА.

Зборувајќи во име на предлагачот, Владата на Република Македонија, министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги повика пратениците да гласаат за ратификација на Договорот бидејќи, како што рече, треба да се влијае на иднината и да се создаваат пријатели.

„Денес ќе направиме важна работа ако ја поддржите ратификацијата. Во државите во нашиот регион, кој е многу оптоварен со историја, историјата е многу важна, но на неа не може да делуваме, можеме на иднината. Добро е што и двете држави решивме да излеземе од сигурноста на рововите. Убаво е со соседите да се однесуваме како со еднакви, да создаваме пријатели“, рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија изрази жалење што во салата не се пратениците на опозицијата и рече дека и тие требало да бидат присутни на гласањето, затоа што владеењето на ВМРО-ДПМНЕ довело до тоа другата страна да бара некои работи.

„За жал немавме сили во формата на политичката организација на општеството, мислам на опозицијата… Ќе беше добро да беа тука и да го поддржеа овој договор. Се надевам ќе најдат сила да бидат тука за битни перспективи, особено што договорот произлезе од политика што ги донесе до атмосфера другата страна да инсистира да се потпише ваков договор“, рече министерот за надворешни работи.

Според Ферид Мухиќ воообичаено е договорите за пријателство да бидат правени врз принципи на реципротицтет, а според него, овој договор не влегува во таа стандардна форма и излегува од стандарната процедура и значи давање од македонска страна повеќе од она што го бара меѓународното право.

„Затоа, поради несиметричноста но и поради големината на гестот на Република Македонија, јас ќе гласам воздржано“, рече Мухиќ.



извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: БугаријаНикола Димитровратификација на договоротСобраниеФерид Мухиќ
Share977TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ