ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Кои политичари им нанесуваат најголема штета на евроинтеграциите?
Во рамките на рубриката „Прашање на денот“, граѓаните одговорија на прашањето: „Кои политичари им нанесуваат најголема штета на евроинтеграциите?“. Коментарите покажаа различни ставови, но и заедничко разочарување од политичката сцена во земјата.
Некои одговори беа едноставни и директни, како:
„ДПМНЕ!!!! ЗЛО ЗА ДРЖАВАТА.“
Некои коментари упатуваат кон тоа дека сите политички елити сносат одговорност:
„Тие што гледаат да се товарат и да избегнат одговорност!“
„Овие што се на власт.“
„Сите. А овие последниве, најмногу.“
Имаше и мислења кои излегуваат надвор од домашниот политички контекст, обвинувајќи меѓународни актери:
„Макрон и Борисов ни нанесоа најголема штета во евроинтеграциите!!!“
Некои граѓани изразија скептицизам кон самата идеја на евроинтеграциите:
„Евроинтеграции?“
Исто така, некои сметаат дека вината лежи во сите што биле на власт:
„Сите што се на власт сите овие години. Кој повеќе, кој помалку, ама одговорноста е кај сите нив… Сите тие си го гледаат само својот бенефит, а за државата баш ги брига, и ако можат што подолго да се одржат во фотељата…“
Очигледно е дека граѓаните се поделени во своите ставови, но едно нешто е јасно – постои широко распространето разочарување од политичката сцена и од динамиката на евроинтеграцискиот процес.
За сите коментари повелете оригиналниот пост на Фејсбук пејџот на ЦИВИЛ Медиа.
А.М.