• Latest
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Не е „стратешки договор“ – станавме економска колонија; Како да сме зеле кредит од приватна лихварска штедилница – без јасни услови и без референдум

May 22, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Не е „стратешки договор“ – станавме економска колонија; Како да сме зеле кредит од приватна лихварска штедилница – без јасни услови и без референдум

May 22, 2025 14:14
in ВЕСТИ, ТОП 5, ФОРУМ
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти (шест милијарди евра) за реализација на капитални проекти, ќе биде потпишан денеска во Лондон.

ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓан(к)ите што мислат за стратешкиот договор со Велика Британија?

Најголемиот дел од одговорите е дека ова е очајнички потег од власта – доказ за безизлезноста во која се наоѓаме. Нема ЕУ преговори, нема фондови, нема грантови. Само долгови. И тоа скапи. Давеникот и за сламка се фаќа, ама ова не е сламка – ова е сидро што не влече уште подлабоко.

Подобро „страшниот“ отколку „стратешкиот“!

Долгови до гуша – за неполна година. Ако вака изгледа почетокот, што нè чека до крајот на мандатот? Ова не е „стратешки договор“ – ова е отворено признание дека станавме економска колонија.

Граѓаните додаваат дека нè задолжија повеќе од годишниот буџет на Македонија, а долгот ќе го враќаат генерации што уште не се ни родени. Како народ, добивме чувство како да сме зеле кредит од приватна лихварска штедилница – нема јасни услови, нема референдум, а сега ќе „играме како што тие ќе ни кажат“.

„Иронијата е страшна – нас не нарекуваат „стратешки партнер“, а всушност сме стратегија на нечиј профит. Додека англиските „партнери“ даваат еден, ќе земаат три – преку нивни фирми, услови, и секако – политичко влијание. Да не зборуваме што покрај кредитот, како „бонус“, ни следуваат и мигранти. Уште не знаеме со која камата ќе го плаќаме долгот, ама знаеме кој ќе го чувствува товарот – секој обичен граѓанин“, велат граѓаните.

Ова не е стратешки потег, ова е национално самопонижување

Прашање е само кога ќе следува и девалвација на денарот – економски, ова веќе нема логика. А логиката на долгови, камати и странски изведувачи нè носи право во зависност, беда и уште поголема недоверба.

„Тешко на Англичаните ако ние сме им стратешки партнер… А тешко и нам, ако оваа стратегија ја прифатиме како нормална“!, велат граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, јавно и транспарентно ќе биде презентиран во македонското Собрание, и ги отфрли шпекулациите дека со договорот во земјава предвиден е и прием на мигранти – „Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема“.

– Денеска се става параф на тој договор, потоа документот ќе дојде во парламентот пред пратениците. Ние шверцерски ништо не носиме, не злоупотребуваме европско знаме, ќе видат пратениците се што следи од тој проект, изградба на пруга што ќе ги поврзи Табановце со Гевгелија, реконструкција и модернизација на пругата, завршување на Клинички центар во Штип заедно со зграда за Медицински факултет и Студентски дом, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничка болница во Тетово. Тука не застануваме бидејќи имаме најмалку уште 60 проценти од рамката што ни е на располагање, посочи Мицкоски.

Д.М.
фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ