Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада е на дводневна официјална посета на земјава каде што во премиерската вила во Охрид ќе имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски, а во рамки на посетата се остварени низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.
Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што очекувате од посетата на Орбан во нашата земја?
Граѓаните скептици дека посетата на Орбан ќе и донесе нешто добро на државата и на граѓаните.
Никој во Европа не сака да има врска со Орбан ради блиските односи со Путин. Значи тотално да се оди против интересите на својата држава е нешто сосема неверојатно. Јас пак не верувам во оваа теза туку мислам дека сево ова со посетата на Орбан на нашата држава е направено со умисла. Владата наша на чело со торкото Мицковски милион пати докажа со своите постапки дека не е за влез во ЕУ. Ова е уште еден доказ. Да не зборуваме дека Албанија ја одвоија од Македонија за понатамошните преговори за членство во ЕУ. Со еден збор останавме на дното.
*
Дојде да си го собере кешот и попатно во багажник го донел Грујо во Охрид, да види до кај е парапетчето
*
Да се договорат подобро, кој колку ќе ќари од ова милениумско перење на пари, на штета на буџетот на “нашата ѕемна (земја)“ друго нема. Евентуално рецептка, во зависност како ќе се покажат, колку да им го „забибериТ“ гулашот.
*
Да прослават почеток на преговори на Албанија во ЕУ.
*
Да си ја наплати провизијата.
*
Очекувам да донесе радост во животот на Мицкоски оти ќе му донесе 500 милиони со кои Мицкоски ќе купи звучници и ќе ја грмне „Заветна“. А тоа е нешто што го чекавме цели години. Животот без тоа немаше смисла.
*
Да постави услови за великодушниот кредит
*
Да донесе уште една милијарда
Д.М.