• Latest
Фото/ Еди Рама од Фејсбук профил

Реакции за денешната средба во Тирана меѓу Рама и лидерите на албанските политички партии

January 10, 2023
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Реакции за денешната средба во Тирана меѓу Рама и лидерите на албанските политички партии

January 10, 2023 16:07
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото/ Еди Рама од Фејсбук профил

Фото/ Еди Рама од Фејсбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

Темата, односно поводот за денешната неформална средба на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија останува нејасна.

Вчера за ЦИВИЛ Медиа од кабинетот на албанскиот премиер изјавија дека средбата е нормална, неформална и консултативна.

„Да, средба во Тирана ќе има, договорена е, но нема некој посебен план или агенда. Тоа е само една обична, неформална средба, нормална консултација”.

Опсегот на прашањата за кои се очекува дека ќе стане збор на средбата е широк – перспективите на интегративните процеси, уставните промени во РСМ и нивната поддршка од албанските партии, тензиите меѓу Србија и Косово, ситуацијата во регионот и други теми.

Кој ќе учествува на средбата

На средбата ќе учествуваат сите лидери освен од Движењето Беса, Билал Касами, од чија партија претходно истакнаа дека нема да учествуваат.

Од партијата велат дека „Артан Груби но и Али Ахмети секогаш кога се наоѓаат на раскрсница и не знаат кој пат да го одберат, односно како да се справат со моменталната состојба во Владата, тие бараат помош од Еди Рама или кратко кажано, го употребуваат албанскиот премиер за да им помогне да излезат од кризата“

Меѓутоа, од телевизијата „Клан Албанија“ јавуват дека партиите позитивно одговориле на поканата на Рама, но дека тие во нивната земја имаат точки кои ги делат една од друга, која алудира дека Касами можеби и ќе оди, но ке побара посебна средба со албанскиот премиер.

„Впрочем, овде се повикувам на изјавата на Движењето Беса во Северна Македонија, каде што одговори дека ќе се приклучи и сака да се сретне со премиерот Рама, велејќи дека тоа е позитивна средба и има позитивни вредности за двете земји. Сепак, според изјавата на Беса, не може да седнат на маса со г-дин Ахмети, бидејќи тие имаат свои политики што ги делат во Северна Македонија. Поради оваа причина, останува да се види дали движењето Беса ќе биде на маса заедно со другите албански партии на РСМ и господинот Рама или ќе побара посебна средба со премиерот Рама, за да не седне со другите лидери”

Од друга страна, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска е во посета на Косово, каде се сретна со државниот врв  и лидерите на политички партии. По посетата на Приштина, Таравари ќе отпатува за Тирана каде ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.

По гласините дека денешната средба во Тирана се одржува за рехабилитација на која било политичка партија со реакција излезе и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, кој го потврдија учеството и ги истакнаа приоритетите на средбата.

„Алтернатива ја прими поканата на албанскиот премиер Еди Рама без намера да влезе во дневно-политичките агенди на останатите гости. Сакаме да нагласиме дека како партија на иднината, подготвени сме да разговараме со сите доколку темите се важните прашања што ги засегаат Албанците во Северна Македонија. Имаме своја агенда и за истата очекуваме поддршка од сите учесници. Еден од приоритетите е амандманот за спречување на застареност на предметите поврзани со политичка корупција. Уште поважно, нема да го жртвуваме нашиот политички капитал за да амортизираме нечија партиска криза. Граѓаните да бидат мирни и да бидат сигурни дека претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас!“, напиша социјалните мрежи претседателот на партијата Африм Гаши.

Независниот пратеник од македонското Собрание Скендер Реџепи Зејд со реакција на Фејсбук ја критикуваше поканата на албанскиот премиер Рама за средбата во Тирана. Тој нагласи дека албанците имаат свежо искуство од првата средба во 2017 година во Тирана, каде што набргу по таа средба се виде дека Еди Рама ја упатил поканата во својство на „портпарол на ДУИ“, бидејќи се покажа дека реалниот нарачател на поканата беше самата ДУИ, дури и на нејзино чело поради теснопартиски интереси. Тој додаде дека доколку  „некој од странство треба да упатува покани, тогаш во моментов единствениот кој има кредибилитет и национален легитимитет да ги собере албанските политички партии од Северна Македонија е премиерот на Косово, Албин Курти, кој како непристрасен државник може најдобро да ги советува и ориентира нашите „лидери“ во заштитата на национални и политички линии овде во земјата“

 

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со реакции за средбата во Тирана

СДСМ средбата не ја гледа како проблем туку во насока на изградба на европски регион.

„Еди Рама е докажан пријател на Македонија и на македонскиот народ, Албанија е наша пријателска земја со која заедно чекориме по европскиот пат и си помагаме, заедно сме во НАТО алијансата, немаме отворени прашања и економска соработка е на највисоко ниво преку иницијативата Отворен Балкан. Секоја средба, формална или неформална, што е во интерес на двете земји и двата народа е за нас во насока на градење европски регион“, велат од СДСМ, пренесе Алсат.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагират дека „средбата во Тирана е за спас на политичките кариери на Ковачевски и Ахмети, поддржани од Апасиев кој глуми лажен патриот“.

Од партијата велат дека „Ковачевски нема ништо против средбата во Тирана, иако за македонски прашања се расправа надвор од државата, тоа е така зошто тој гледа гума за спасување на својата политичка кариера„

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат Дали средбата во Тирана е на барање на Ковачевски?

Кој ќе биде резултатот на средбата од Тирана, дали Ахмети ќе ги учи во Тирана за зелената агенда, или ќе му донесе втора тиранска платформа на Ковачевски, кој за да се спаси ќе треба да ја прифати?

Единствениот договор кој треба да го има помеѓу сите политички партии во Македонија, не во Тирана, е обединување против криминалот на СДС и ДУИ и договор за избори за народот да одлучи.

РЕАКЦИИ ОД АНАЛИТИЧАРИ

Исени:  Претензиите дека ќе се формулира некоја втора „Тиранска платформа“ апсолутни невистинити

Политикологот Џенур Исени за „Локално“ истакна дека претензиите дека ќе се формулира некоја втора „Тиранска платформа“ се апсолутни невистинити и не држат веќе од тие што пробуваат да го отрујат општестовото со вакви претензии. „Вакви беа и претензиите од пред 6 години, кога викаа дека со ваква платформа Македонија ќе ја снема или дека државата ќе се федерализира или такви други глупости, но Македонија тука е и е држава членка на НАТО„

Тој тврди дека тиранската средба има врска со потребата да се има глас повеќе за уставните измени и за разликите што постојат меѓу албанската опозиција и ДУИ за процесот што треба да се случи.

-Сигурно ќе се разговара за ситуацијата на Косово и за опасностите од руските активности на Балканот. Она што треба да им се претстави на албанските фактори во Северна Македонија и барањето до Рама и албанската влада е промената на стратегијата и тактиката и албанската дипломатија кон Србија и улогата на Србите на Косово. По ова прашање не верувам дека Рама ќе се промени, останува да видиме дали средбите во Тирана ќе бидат успешни и ќе бидат негативно протолкувани од македонска страна. Албанските политички партии и премиерот Рама се покажале дека се конструктивни фактори во државата. Дали би било мешање во внатрешни работи ако се сретнат, како што кажав тоа се само обиди за кревање тензии во општеството. А познато е дека еден од најсилните поддржувачи на евроинтегративниот пат на нашата држава беше токму Еди Рама, посочи Исени.

Уредникот на „Лајм“, Исен Салиу во изјава за ДВ истакна дека само лидерот на ДУИ Али Ахмети се радува на ова средба.

„Освен претседателот на ДУИ, Али Ахмети, мислам дека претседателите на другите албански партии не се радуваат многу на ова свикана средба, официјално како свечена послепразнична вечера, но сепак не можат да ја одбијат стравувајќи дека тоа ќе им носи негативни поени пред албанската јавност во земјата. Самиот Рама верува дека со оваа средба нема да ја провоцира македонската јавност како пред шест години, сметајќи дека своето пријателство кон Македонија го покажал со острите и храбрите полемики со Бугарија и со Европската Унија во врска со Македонија“, оценува Салиу.

Н. Абдурахмани

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕЕди РамаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ