Кога станува збор за злосторство од насилник, за насилство на поединец, не треба да се генерализира со обвинување на неговиот народ или етникум, пишува Јасмин Реџепи од Легис на својот Фејсбук профил.
„Гледам на социјалните мрежи како бруи од генерализирање, обвинување и говор на омраза за цел еден етникум, поради злоделата на еден насилник.
Зарем мислите дека за насилниците важат етнички, национални или верски ограничувања? Па тие најчесто прво ги уништуваат најмилите – своите семејства!Зарем мислите дека ако насилникот е од Х место, жителите од Х местото се раат од него? Не! Само што повеќето од нас не сме имале увид на местата на насилство. Од насилниците страдаат сите граѓани и сите еднакво се чувствуваат загрозени. Раните на повредените се и наши рани, лути рани на целото општество кое мака мачи со невладеење на правото. Воедно им посакувам брзо закрепнување!Затоа, ќе ве замолам без генерализирања, без говор на омраза и повици на линч на цела етничка група сограѓани од Македонија, поради вина на поединец. Тоа е погрешно и го разорува единството на ова кревко општество.
Дајте да не се враќаме назад кога со креирање на меѓуетничка омраза и инциденти одредени структури длабоко заработуваа од владеењето со завадените граѓани.“, напиша Реџепи.
Д.Т.