• Latest

Референдум, па потоп

August 26, 2018

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Референдум, па потоп

August 26, 2018 10:47
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто мора сѐ да запре? И работата и критиката, сѐ запира. А ако случајно нешто се направи, тука се прес центрите (читај: фабриките за лажни вести и пропаганда) тоа да го стават во функција на минирање на референдумот.

 

Џабир Дерала

Референдумот затропа на секоја врата. Да, навистина, премногу е важно прашањето, за да ги остави луѓето рамнодушни. Дури и оние што се обидуваат да останат што е можно подалеку од политиката, ќе разберат дека се повикани да учествуваат во големата одлука. Но, како изгледа сето тоа?

Ботовите и црната пропаганда што работат со полна пареа веќе со години, а особено интензивно од пукањето на првата „бомба“ за криминалите на власта на Груевски, ќе ја одиграат последната епизода од својата неславна и валкана улога. Падот на Груевски веќе првиот ден покажа дека Македонија го свртува своето лице кон Европа, но покажа и колку оваа земја е важна за оние што ѝ се непријатели на Европа, а за Балканот се грижат колку за црното под ноктите.

Сега, кога луѓето што живеат во оваа земја или потекнуваат од неа (дијаспора) се исправени пред големото прашање, изгледа како животот да запрел. Како да е прашање на живот и смрт, по можност – смрт.

Не можете ништо да кажете, а да не биде доведено во врска со референдумот. Не можете ништо добро да направите, ништо лошо, а тоа да не биде ставено во функција на противењето или изјаснувањето за ЕУ и НАТО. За секоја вест има најмалку една лажна вест и една планина од говор на омраза. Сите прашања и теми, меѓуетнички односи, економски политики, образование, владини тендери, невладини фолиранти, депонии и канализација, здравство, туризам, корупција, јазици и знамиња, сообраќај…

Сѐ што можете да замислите е ставено во истиот референдумски кош. Едно со друго нема никаква врска, сеедно, мора да се гледа низ референдумската леќа. А  таа, пак, замастена и размачкана, ништо не се гледа низ неа од врескањето на ботовите, од незнаењето и неприфаќањето на фактите. Се прашувам, дали можеби руско-вмровската пропаганда воопшто и мораат да го прават тоа што го прават. Типично балканскиот инает, себичноста, кусогледоста, неинформираноста, тврдоглавоста и мрзеливоста се доволно големи непријатели на прогресот. И ги има повеќе од доволно.

Зачудува, да не кажам разочарува оваа плиткост и неспособност да се одвои важно од неважно, поврзано од неповрзано, баба од жаба. Очигледно, оваа мала јавност на оваа мала земја, на ова истормозено и фрустрирано општество, не умее да се соочи со комплексноста на животот, да ги постави прашањата едно по едно, да ги реши проблемите еден по еден.

Медиумската писменост стана флоскула повторувана до неподнослива здодевност, но не постои во реалноста. Но, за тоа во некоја наредна прилика.

Ако владата или парламентот не ги бива, си постојат избори. Ако економијата оди во надолна линија, се менува стратегијата. Ако меѓуетничките односи се влошуваат, се преземаат мерки и се водат процеси за нивно подобрување. Ако здравството е во катастрофална состојба, ако туризмот дава лоши резултати, ако има прашања за употребата на јазиците – се работи на нив. Успешно или неуспешно, но се работи. Но, тоа не е случајот тука.

Се чека на референдумот како да е судниот час. Се чека тој ден, а потоа показалките на животот ќе запрат. Важно е само референдумот да (не) успее, а потоа нека биде и потоп.

Чекајте бе, луѓе! Животот е повеќе од референдум.

Притоа, непотребно е да се каже дека се работи за референдум на кој треба да одлучиме дали ќе ја прифатиме шансата за поубав, европски живот, побезбеден и посигурен, а не за тоа дали треба да извршиме колективно самоубиство. Во меѓувреме, децата ќе ни тргнат на училиште, ќе се прави ајвар, а студентските домови ќе почнат да се полнат. Референдумот е на 30 септември. Дотогаш, има доволно време да се прочита, слушне и размисли за придобивките и да се преземе одговорноста за иднината. И да се гласа. Знам дека на проруските пропагандисти ова не им одговара, ама животот ни припаѓа нам, а не на архитектите на црните кампањи.

Ете, знам и јас да бидам добро расположен. Охрид позитивно влијае на мене.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 27 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Илустрација во прилог на текстот:

The Deluge
Artist: Francis Danby 1793-1861
Date: exhibited 1840
Classification: painting
Medium: Oil paint on canvas
Dimensions: support: 2845 x 4521 mm

Presented by the Friends of the Tate Gallery 1971

 

 

 

Tags: ЕУмедиумска писменостНАТОпотоппропагандареферендум
Share66TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ