• Latest

Реформи без реформи

June 5, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Реформи без реформи

June 5, 2018 09:58
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се потсетиме… Членовите на Државната изборна комисија поднесоа оставки под силен притисок на јавноста, по разоткривањето на грубите злоупотреби на јавните пари, неконтролираното луксузирање, сплетките, мобингот и неприфатливо ниското ниво на нивната работа. За време на изборните процеси во 2016 и 2017 година, токму изборната администрација на чело со ДИК-овци беа тие што го повредија гласачкото право на најразлични можно начини, за што единствено ЦИВИЛ имаше храброст и доблест да известува, а аналитичарите и експертите од оваа организација ги објавија своите наоди во јавноста, без пардон.

Пишува: Џабир Дерала

Сепак, „казната“ која дојде од ЦИВИЛ и пошироката јавност, благовремено ја ублажи Парламентарната комисија за именување со едногласно усвојување на барањата на разгалените изборни комесари за богата (л)апанажа – под точка разно, без дискусија!

Иако ДИК-овци рекоа дека неморално присвоените пари од вртоглавите бонуси кои си ги поделиле во текот на нивното двегодишно (не)работење ќе ги донираат во хуманитарни цели, не слушнавме дека и (л)апанажата ќе ја донираат. Да не говориме за оправданоста да се делат присвоените пари по таквото разголување во јавноста.

Остана нејасно и дали луксузните службени телефони кои си ги купиле во 2016 и 2017 година ќе останат во нивните џебови, во ДИК или и тие ќе бидат „донирани“ во хуманитарни цели. Иако ДИК не ја исполни својата законска обврска за пристап до јавни информации, ние знаеме дека нивните скапи телефони веројатно ја надминуваат сумата која тие „дарежливо“ ја одвоија за да ги деблокираат сметките на девет општини низ Македонија, со вкупно 9.000 евра. Нешто како онаа ситуација кога Грујо ги промовираше кинеските автобуси како „Донација од Владата на РМ“, па откако му се изнасмеа целата јавност, ги тргна тие натписи.

Државната комисија за спречување на корупцијата беше легло на корупција и една од важните бази за одбрана на Фамилијата, а напад врз граѓанските организации со злоупотреба на финансиската полиција и УЈП, во последните денови пред падот на режимот. Под притисок на јавноста и по серијата извештаи на ЦИВИЛ, паднаа и повеќето ДКСК-овци.

Министерството за правда имаше еден министер кој се прослави само со рекордните сметки по кафеани, а поднесе оставка (официјално) поради случајот Алмир. На негов повик, му доставивме извештаи, анализи и препораки за реформи во изборниот систем (една изборна единица) и сѐ што е поврзано со тоа – реформи на изборната администрација, измени во Изборниот законик и во некои други закони, релевантни на изборните процеси… Приемот беше љубезен и пријателски, но ефектот изостана. Барем дел од причините зошто Министерството за правда не реагираше на нашите препораки, се добро познати.

Овие три институции, ДИК, ДКСК и Министерство за правда се обезглавени, која подолго, која пократко време, а се дел од изборните реформи. Тоа се оние реформи кои ќе ја одредуваат судбината на македонските избори, а со тоа и политиките и практиките на власта во годините пред нас. Ќе речете, што е ова во споредба со фактот дека повеќе од четири месеци бевме без министер за здравство, во услови кога македонското здравство е во очајна состојба, особено по уништувачкиот поход на Министерот за Смрт, Тодоров.

Е, па токму изборниот систем и црните дупки во изборната практика во Македонија овозможуваат да имаме општество, институции и држава што го отежнуваат животот на граѓанките и граѓаните.

И токму со такви обезглавени институции, под притисок и уцени од марионетите на Фамилијата, во тек се изборни реформи кои тоа воопшто не се.

Премиерот Заев, во преговорите со првиот вемеровец (поставен од осудениот Грујо) Мицкоски, зад (полу)затворени врати, се договори да му даде отстапки за конфигурирање на изборната администрација по терк што ќе им одговара само на големите партии.

Државната изборна комисија, институција чија задача е да ја штити законитоста на изборните процеси, да биде највисоката и најрелевантната институција за спроведување на изборите, со максимална заштита на правото на глас на граѓанките и граѓаните. Наместо тоа, ДИК до денес остана поприште на интересите на најголемите политички партии, расипништво и злоупотреба на јавните пари. Новата структура на ДИК што се договараше меѓу лидерите на СДСМ и ДПМНЕ, претставува модел што беше надминат со Пржинскиот договор во 2015 година. Се поставува прашањето, дали е добро да се враќа модел кој претходно е надминат како лош? Останува силната препорака на ЦИВИЛ да се формира ДИК што ќе биде составена од професионални и независни експерти, а не од политички солдати.

Урнисаните и обезглавени институции, зад параванот на учеството на дел од организациите на граѓанското општество, големите политички партии и меѓународната заедница водат процес кој тоа не е, бидејќи сега веќе е сосема очигледно дека се работи за козметички зафати во изборниот систем, промени што не ветуваат којзнае каков скок во квалитетот на спроведување на изборите. Напротив.

На Мицкоски му се дадоа уште голем број отстапки во изминатите месеци, во договори кои прво, а веројатно и единствено, тој самиот нема намера да ги почитува. Веќе видовме како изгледа неговото поимање за „дијалог“, нема потреба од дополнителни мудрувања околу намерите и ориентацијата на партијата што официјално ја води.

Да утврдиме… Сегашниот процес на изборни реформи е бавен и недоволно транспарентен. Компромисите што се прават со структури на политичката моќ, како со коалициските партнери, така и со опозицијата, не ветуваат целосно почитување на правото на глас и не ветуваат легитимност на идните претставници на власта. Напротив, можеме да очекуваме само дополнителни разочарувања од систем што е корумпиран и ги крши човековите права и слободи на најразлични начини.

Финансирањето на партиите и изборните кампањи е регулирано на начин што во одредени сегменти овозможува уште повеќе манипулации отколку порано. Со ова особено се мисли на периодот кој им е оставен на политичките партии за поднесување финансиски извештаи, кој фактички е продолжен. Тоа им овозможува на партиите доволно време за „штелување“ на извештаите и ја замаглува сликата за тоа колку и на кој начин ги трошат средствата во изборни кампањи, како што утврди мониторингот на ЦИВИЛ. И во оваа област не гледаме дека е слушнат гласот на независните експерти. Во оваа насока се и сериозните забелешки за медиумското претставување на политичките партии, наспроти неколкуте значајни промени што ги донесе Владата, пред сѐ, со укинувањето на владиното рекламирање.

Изборниот законик мора да претрпи коренити промени и да се искористи првата можност за донесување нов.

На Македонија ѝ одговара изборен систем во кој сите ќе гласаат во една изборна единица, вклучително и дијаспората. Ваквиот систем, да повториме, им дава моќ само на најголемите. А моќта корумпира, зарем не?

Не е тешко да се демократизира изборниот систем во служба на интересите и потребите на сите граѓанки и граѓани. Не е тешко да се создадат законски и политички услови со кои им се дава можност на иницијативи и политички опции што ги одразуваат интересите и на помалите заедници. Со демократизација на изборниот систем ќе се создаде простор за современи и универзални идеи кои сега се невидливи поради беспоштедната битка за политички и финансиски профит. Потребна е само посветеност и политичка волја! Засега, таква волја може да се прочита само во изјавите на актуелниот премиер Заев, но ништо повеќе од тоа.

Останува на нас, да ја проголтаме јадицата на уште една фарса од изборни реформи или гласно да побараме суштински промени со кои ќе зачекориме кон повисоки нивоа на демократија. Убеден сум дека граѓанките и граѓаните на Македонија го заслужија тоа.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКДКСКизбориМинистерство за правдареформиЦивил
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ