Истрагата на Репортери без граници за смртта на украинскиот фоторепортер Макс Левин, покажува дека тој бил егзекутиран од руските војници, веројатно откако бил испрашуван и мачен. Репортери без граници објавија извештај по нивната истрага за убиството на Левин, кој беше пронајден мртов во Киевската област на 1 април, заедно со неговиот пријател, украинскиот војник Олексеј Чернишов.
Според извештајот, собраните информации и докази, во периодот од од 24 мај до 3 јуни, покажуваат дека и двајцата биле егзекутирани „ладнокрвно“ од руските сили во шума во близина на Киев на 13 март, дента кога исчезнале, најверојатно откако биле испрашувани и мачени.
Макс Левин е еден од осумте новинари кои се убиени во текот на нивната работа од почетокот на војната во Украина. Последната медиумска жртва е Фредерик Леклер-Имхоф, француски видео-репортер кој работи за францускиот ТВ канал BFM TV, кој беше убиен од шрапнели од граната испукана од руските сили на 30 мај.
Подготви: Д.Мишев