Традицијата на чествувањето на Илинден со играниот филм „Републиката во пламен“продолжува и оваа година, но сега и со една нова, дополнителна содржина, која не го опфаќа само историскиот аспект. Оваа година републиката е и буквално во пламен.
И додека некои се борат со огнената стихија, која не само што причинува непроценлива материјална и еколошка штета, туку, за жал, одзема и човечки животи, некои се сликаат. Во разни пози, најчесто селфи, илити самослик.
Додека Македонија гори, премиерот Христијан Мицкоски се слика.
Тој на својот фејсбук профил, во стилот на највлијателните инфлуенсерки, со широка насмевка споделува селфи фотографија со свои обожавателки, откако неговите пратеници и оние од коалицијата која ја предводи одбија да изгласаат амандман кој ќе овозможи парично да бидат наградени пожарникарите, војниците и полицајците кои по цена на својот живот и здравје, голтајќи чад додека деноноќно се борат со огнената стихија за да може премиерот да си прави селфиња, покажувајќи ја својата колекција од хронометри по цена на пристојно противпожарно возило.
Секако, на борците со стихијата по ваквата неправда не им падна на памет да се откажат од гаснењето пожари, како што тоа патриотски го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека ќе си замине од позицијата министер ако и ги намалат функционерските 78% од плата.
Ерозијата на морал при „прославата“ (попрво би се рекло сквернавењето) на Илинден е дополнета со бесрамното сликање со граѓаните, секако со оние најтврдокорните поддржувачи кои беа транспортирани во Крушево со дозвола да се доближат до „светите“ владини функционери…
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ТУКА