• Latest
Фото: Скриншот

Режимот на Лукашенко бара од Google да ги отстрани независните белоруски медиуми

January 28, 2025
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Режимот на Лукашенко бара од Google да ги отстрани независните белоруски медиуми

January 28, 2025 12:59
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Откако белорускиот диктатор Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со изборната победа во неделата која западните влади и белоруската опозиција ја отфрлија како лажна, режимот во Минск веднаш започна со зголемување на репресиите на  врз слободата на говорот и независните медиуми.

Во понеделникот, Министерството за информации на Белорусија соопшти дека испратиле писмo до Гугл со барање да се обрне внимание на наводното кршењето на законот од страна на независните белоруски медиуми кои работат во егзил. Министерот за информации Марат Марков ги сподели деталите со рускиот пропагандист Константин Придибајло.

Како што пренесува белорускиот медиум Реформ њуз, Придибајло објави само дел од видео коментарот на функционерот, но од контекстот може да се разбере дека станува збор за наводно мешање во изборите.

„Барем испративме писмен апел до Google за да добиеме релевантни коментари за оваа работа. Поточно, да привлечеме внимание на фактот дека има многу конкретно прекршување на законот. Бидејќи голем број од организаторите на овие настани се екстремистички формации кои судот ги препозна како екстремистички во Република Белорусија.

Според тоа, ајде да го ставиме вака, интеракциите на Google со такви криминални организации, ве тераат да размислите, како прво, и второ, тие имаат многу силно влијание врз угледот на самиот Google. Би сакал ова барем да го разберат, па потоа да донесат соодветна одлука“, рече Марков.

Веројатно, функционерот на Лукашенко мислел на независните медиуми протерани од Белорусија кои  режимот на Лукашенко ги смета за „екстремистички“.

„Факт е дека овие работи треба да се финализираат со закон, според мене. Затоа што на овој или оној начин, мора да имаме алатки кои ќе имаат директно влијание, бидејќи во Русија има таква можност преку Роскомнадзор. Нема соодветна организација во Белорусија, не постои таков условен Белкомнадзор, но не се сомневам дека неговото создавање е одамна задоцнето“, смета Марков.

На прашањето дали во блиска иднина во Белорусија ќе се создаде аналог на Роскомнадзор, Марков одговори негативно.

„Ќе биде рано да се даваат такви изјави. Но, според мене, ако ја земеме предвид перспективата на 30-тата, 35-тата година, се разбира, треба да размислиме за ова“, објасни тој.

Режимот на Лукашенко спроведе бројни закони за контрола и цензурирање на јавноста и медиумите, со воведување драконски казни, поради што незавините и критички настроени медиуми и новинари се принудени да ја напуштат земјата и да работат во егзил.

За репресиите врз слободата на говорот и независните новинари кои секојдневно ги врши режимот на белорускиот диктатор Александр Лукашенко, зборуваше вчера белоруската новинарка во егзил, Ксенија Халубович во своето излагање на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ како дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје, во кое, во емотивно обраѓање се осврна на состојбата во Белорусија, сивата зона во Европа со притворени новинари, каде режимот на Лукашенко со голема помош од Путин, им оневозможува на луѓето слободно да се изразуваат и се затвораат само за еден коментар на фејсбук, 1,5 милион луѓе ја напуштија земјата, а повеќето новинари избегаа и работат во егзил, и само тие може да го пренесат гласот на своите луѓе кои живета во сивата зона.

Драган Мишев

Tags: Белорусијарежимслобода на говор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ